УХМР соопшти кои региони ќе бидат погодени од невреме вечерва
Зголемување на водостојот на реките и локални комунални проблеми во градските урбани средини може да предизвикаат најавените врнежи попладнево, кои според синоптичарите, на повеќе места можат да бидат поројни. Особено да се внимава доколку овие интензивни врнежи паднат во предели каде веќе неколку денови врне и каде почвите се влажни и заситени со влага, предупредуваат од УХМР.
Оттаму ги посочуваат Скопскиот, Кумановскиот, Криво-Паланечкиот, Кратовскиот и Тетовскиот регион како области каде е потребна поголема внимателност.
Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.
- Соодветно на најавата на синоптичарите дека попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 l/m2), грмежи и град, би сакале да ве информираме дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците, каде на одредени локации можно е да се јават локални проблеми, соопштуваат од УХМР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа