Мајка на едногодишно дете жртва на хоророт во Кочани: „Мајкино око оти ми побегна"

 

Трагедијата која се случи во Кочани кога во ноќниот клуб Пулс загинаа 59 лица, а над 150 останаа повредени, не престанува да ја шокира и потресува македонската, балканската и светската јавност. Една од жртвите на трагичниот настан е младата инспекторка Моника Спасова, инаку мајка на едногодишно девојченце.

Нејзиното семејство, откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници, а со фотографија на социјалните мрежи, упатија апел до сите граѓани да ги контактираат доколку имаат информации за неа, пред да ја дознаат страшната вистина.

- „Мајкино око оти ми побегна. Не можам да живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе? Мајкино око, душата ми е распарчена“, напиша неутешната мајка на Моника на социјалните мрежи. 

Моника дипломирала на криминалистичката академија во јануари минатата година, а минатиот месец приредила голема забава за роденденот на ќеркичката.

Инаку, во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

Денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора. 

18.03.2025 - 09:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега