Нови детали: Осум пациенти од Кочани кои се во Србија се во животна опасност
Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Северна Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, јави МИА од Белград.
Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот.
- Тие се згрижени, стабилни се, а лекувањето продолжува, за што секако ќе биде потребно време, додаде Стојичиќ.
- Во најтешка состојба е еден пациент, Стојичиќ.
Во Србија се згрижени 29 тешко повредени лица и се наоѓаат во четири здравствени домови - Воената болница и Клиничкиот центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа