Почина скопјанец - се јавил на лекар 14 дена по сообраќајка во која бил сопатник
Вчера во 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеник од СВР Скопје забележал дека на извештајот кај едно починато лице е заведено дека е починато како последица од сообраќајна несреќа.
Во разговор со дежурниот персонал во болницата, добиени се информации дека лицето било донесено околу полноќ без знаци на живот и по половина час реанимирање лекар констатирал смрт. Исто така, добиена е информација дека лицето се вика С.Б.(58) од Скопје и дека и на 11.09.2025 се јавил на преглед и се жалел на болки како последица од сообраќајна незгода, соопштија од МВР.
По преземени мерки констатирано е дека на 28.08.2025 на ул.„Борис Трајковски“ тој заедно со неговата сестра се превезувале со такси возило кое удрило во друго возило и притоа само возачот-женско лице на другото возило се здобило со лесни повреди, додека другите лица биле без повреди.
Известен е јавен обвинител и по негова наредба направена е обдукција на телото на починатиот, при што, исто така, било констатирано дека смртта не настапила како последица од сообраќајната незгода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа