Викендов натпросечно топло, од понеделник дожд и грмежи

Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утре минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. 

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

21.06.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега