Мемети не знае зошто обвинителството бара да не ја напушта државата

 

Поранешниот народен правобранител и актуелен член на Советот за јавни обвинител, Иџет Мемети не знае зошто Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало да се преземат мерки за негово обезбедување.

Тој утре ќе се појави во Кривичниот суд, а ќе бара одговор зошто не смее да ја напушти државата. Мемети тврди дека е наместен во случајот со земање мито, за кој во притвор заврши Врховниот судија Наќе Георгиев.

Мемети и Георгиев се осомничени за земање поткуп за влијание врз судска постапка против поранешниот градоначалник Ново Село, Боро „Малборо“ кој сега е обвинет и за шверц на марихуана.

22.05.2024 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега