Пријавувањето е во тек: 1360 пензионери се пријавиле за парична помош од 2.500 денари

 


За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари.

„Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Право на оваа помош имаат сите пензионери, жители на Општина Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија во месечен износ до 26.157 денари.

Потребни документи за аплицирање: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, потврда за последната примена пензија (чек или потврда од банка за мај или јуни), а за социјална пензија потребна е потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата се поднесуваат во Општина Центар , барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Формуларот за пријава може да се преземе и од веб-страницата на општината.

Повикот е отворен до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства.
Исплатата на средствата ќе се реализира во текот на летото.

15.07.2025 - 10:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега