Повторно одложено судењето на демонстрантите - сумата за оштета не е прецизирана

 
Судењето за двајацата демонстранти, Никоја Аризановски и Филип Наковски е повторно одложено бидејќи Државното правобранителство сеуште не прецизирало колку чини сумата на штета која двајцата демонстранти треба да ја платат.
 
Двајцата обвинети изразиле подготвеност за признавање на вината и сега треба да биде прецизирана штетата од демолираната Народна канцеларија на Претседателот која изнесува околу 880 илјади денари или 15.000 евра. 
 
Судењето е одложено за петок во 12:00 часот. Двајцата демонстранти сеуште се наоѓаат во 30 дневен куќен притвор за извршено кривично дело, односно за учествување во демолирање за време на протестите против одлуката за аболиција која ја донесе Претседателот, Ѓорге Иванов.
 
 
 
 
 
 
04.05.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега