- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 04
Неколку стотици американски војници се евакуирани од воените бази во Катар и Бахреин. Евакуацијата наводно започнала од воздухопловната база Ал Удеид во Катар, која беше цел на ирански ракети ова лето. Иранските војници ја таргетирале базата како одмазда за бомбардирањето на објектот за збогатување ураниум во Иран од страна на САД. Ситуацијата околу Иран останува напната откако претставници од Вашингтон и Техеран одржаа разговори во Женева, Швајцарија, оваа недела. Разговорите завршија без конечен договор. Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска…
Албанската престолнина вечерва е сцена на жестоки судири меѓу опозицијата и полицијата. На 35-годишнината од падот на режимот на Енвер Хоџа, илјадници демонстранти излегоа на улиците барајќи оставка од премиерот Еди Рама, но протестот брзо ескалираше во насилство. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехника врз зградата на Владата, предизвикувајќи пожар на фасадата. Специјалните единици употребија водни топови и солзавец за да ја потиснат толпата. Поранешниот премиер Сали Бериша од говорницата порача дека ова е „битка за спасување на Албанија“ од корупцијата и кражбата. Тензиите се префрлија и пред Собранието, каде полицијата повторно беше принудена да користи сила за да ги…
Вчера во 22:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.К.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна партнерка дека во семејниот дом во Скопје физички ја нападнал неа и нејзиниот малолетен син. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Астролошкиот аларм е вклучен! Од 26 февруари па сè до 21 март, Меркур влегува во својата ретроградна фаза, но овој пат не станува збор само за расипани телефони и доцнење на возовите. Ова е Ретрограден Меркур на имагинацијата, соништата и емоционалните сеќавања. Најсилно ќе го почувствуваат Близнаците, Девиците, Стрелците и Рибите. Како да го „преживеете“ овој период? Не ги пополнувајте празнините со фантазија. Ако нешто во врската ви изгледа „чудно“, едноставно прашајте. Интуицијата ќе ви биде погласна од кога било. Очекувајте пророчки соништа и силни моменти на „дежа ву“. Сега е моментот да ја проверите вашата листа на цели за…
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопштија од УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури.
Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченото отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија, што се одржа во претседателскиот Кабинет во присуство на бројни дипломатски претставници и странски гости. Говорејќи меѓу раскошните мозаици на Глигор Чемерски коишто сведочат за историски вкоренетиот македонски удел во европската култура и цивилизација, Сиљановска-Давкова истакна дека како што секое камче е неопходно за стабилноста на мозаикот, така и Западниот Балкан е неопходен дел од европската целина, без кој ЕУ останува ранлива во услови на геополитички предизвици, војни и хибридни закани. Во обраќањето таа потсети на визијата…
Трговците во Германија и низ Европа тргнаа во војна против феноменот познат како „кражба на совети“. Сè повеќе купувачи ги користат физичките продавници за да добијат стручни информации и да ги пробаат производите, а потоа нарачуваат поевтино преку интернет. Сопственичка на продавница за училишни чанти во Бохум веќе воведе радикална мерка: Овој тренд се шири и во Берлин и Милано, каде продавниците веќе не сакаат да бидат „бесплатни изложбени салони“ за онлајн гигантите.
Вчера во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријави дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни компании. Вицепремиерот посочи дека е започнат официјален дијалог со Европска Комисија, во рамки на новата визна стратегија претставена од претседателката на Европската Комисија, при што македонските превозници за првпат се третираат како професионална категорија.…
На Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, му изгоре скапиот автомобил на вода во Белград пред неколку дена. Џипот Брабус гореше пред неговата зграда во луксузна населба, а неговиот автомобил беше запален. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи се огласи за случајот и објави дека 23-годишен млад човек е приведен под сомнение за сторување на кривичното дело. Членови на Управата за криминалистичка полиција и Агенцијата за безбедност и информации, во координација со Вишото јавно обвинителство во Белград, го уапсија З. Р. (23) под сомнение за сторено кривично дело обид за изнуда и предизвикување општа опасност. Сега, Јутјуберката Бака Прасе…
