Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници

    Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници

    20.02.2026 во 20:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно лобирање во европските институции, со цел да се заштитат домашните транспортни компании.

    Вицепремиерот посочи дека е започнат официјален дијалог со Европска Комисија, во рамки на новата визна стратегија претставена од претседателката на Европската Комисија, при што македонските превозници за првпат се третираат како професионална категорија.

    „Контурите се јасни, а тоа е дека со новата визна стратегија, превозниците се признати за прв пат како професионалци, што досега не беа во таа категорија. Сега има неколку опции што се разгледуваат како можни решенија, а тоа е секоја земја членка на Шенген зоната да издава посебни визи, при што деновите би се броеле само во таа земја, понатаму целосно изземање на возачите по примерот на пилотите и машиновозачите и третата опција со третман како прекугранични работници. Помеѓу овие три модалитети сега се изнаоѓаат решенија. Имаше три состаноци до сега, еден беше на политичко ниво, два беа на техничко ниво и очекувам дека ќе се најде решението. Тоа што е знак на добра волја за Македонија, е дека примената на ЕЕС системот ќе се одложи до крајот на септември месец”, рече вицепремиерот Николоски.

    На прашањето дали до септември ќе се реши проблемот, вицепремиерот смета дека има доволно време. 

    “Јас мислам дека за Македонија ќе се реши и тука би сакал да замолам да бидеме многу внимателни за она што доаѓа како информација од соседството. Ова е прашање кое не треба да се политизира, ова е прашање кое се однесува на бизнисот, а не на политиката и треба да ја држиме политиката надвор од ова” изјави вицепремиерот. 

    Посочи и дека уште минатата година прашањето било разгледувано на седници на Влада, а Министерството за надворешни работи било овластено да комуницира со европските партнери.

    „Верувајте додека не се случи блокадата не беа свесни во ЕУ за кои размери зборуваме“, изјави Николоски, потсетувајќи на неговата интензивна меѓународна агенда во однос на ова прашање и потенцирајќи дела Владата останува посветена на изнаоѓање одржливо решение што ќе овозможи непречено функционирање на македонските превозници. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.