- Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот
- Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД
- Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
- Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење
- Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
- Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
- Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
- Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
Author: Author 04
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) разгледува рекордно пуштање на стратешките резерви на нафта, потег што веднаш почна да ги „лади“ светските берзи. По најавите за најголемата координирана акција во историјата на организацијата, цената на нафтата од типот „Brent“ се спушти на околу 87 долари за барел. Оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на шоковите предизвикани од конфликтот со Иран и блокадите во Персискиот Залив. Со повеќе од 1,2 милијарди барели на располагање, земјите членки на ИЕА планираат да го надминат рекордот од 2022 година, кога беа ослободени 180 милиони барели поради војната во Украина.
Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето. Промената ќе се случи во последната недела од март, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред. Официјалното преминување на летното време е на 29 март. „Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот“,. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во…
Утрово во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово било пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа. Откако пожарот бил локализиран, било забележано дека во внатрешноста има едно починато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во ек на глобална енергетска криза и нафта над 100 долари за барел, американскиот претседател Доналд Трамп објави инвестиција од неверојатни 300 милијарди долари. Во Браунсвил, Тексас, ќе се гради првата нова рафинерија за нафта на американско тло по половина век, проект насловен како „America First Refining“. Инвестицијата доаѓа во партнерство со индискиот енергетски гигант „Reliance“. Според Трамп, ова е директен резултат на неговата политика за намалување на даноците и забрзано издавање дозволи. Новиот капацитет има за цел да ја зајакне енергетската независност на САД во време кога конфликтот со Иран предизвикува опасни флуктуации на светските берзи.
Светот со нетрпение го очекува првото јавно појавување на новиот ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, додека шпекулациите за неговата здравствена состојба се засилуваат. Според разузнавачки извори на Израел, објавени од „Скај њуз“, се верува дека Хамнеи е полесно ранет за време на неодамнешните американско-израелски воздушни напади. Тој не се појави во јавноста цели три дена откако беше именуван за наследник на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи. Додека израелските функционери се убедени дека неговото отсуство се должи на повреди здобиени уште првиот ден од нападите, Техеран експресно ги демантира овие наводи.
Областа Глина во Хрватска беше погодена од земјотрес утрово околу 7:33 часот. Според EMSC, земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Измерен е на 20 километри од Петриња. Хрватската сеизмолошка служба, исто така, коментираше за сè, наведувајќи дека земјотресот имал магнитуда од 2,8 степени според Рихтеровата скала, додека EMSC изјави дека земјотресот имал магнитуда од 2,5 степени. Имаше и такви кои добро ги почувствуваа потресите. „Грмеше и се тресеше“, „Сè се тресеше многу“, „Траеше кратко, но се тресеше многу“, напишаа граѓани на веб-страницата на EMSC, пренесува 24sata.hr.
Полицијата во унгарскиот град Мако, кој се наоѓа во близина на границата со Србија, започна голема потрага по седум деца со исто презиме кои исчезнаа на 7 март. Првично, пет браќа и сестри беа пријавени како исчезнати, но набрзо беше утврдено дека уште две деца се исчезнати, па сега се бараат вкупно седум деца. Најмладото дете има само две години, додека најстарото штотуку наполни 11 години. Околностите на нивното исчезнување сè уште не се разјаснети, а полицијата се обидува да утврди како е можно сите деца да исчезнале истовремено и каде би можеле да бидат. Според достапните информации, седум деца…
СДСМ нема да биде како ВМРО и предвреме да осудува. Досега сите нивни одлуки се покажаа како одлуки за поставување луѓе кои ги контролира Мицкоски како што беше примерот со неговиот советник кој го избраа за судија, или сопругата на градоначалникот на ВМРО. Народот вели, кој се изгорел на млеко, дува и на јогурт. Професионалниот профил на предложениот кандидат за нов државен Јавен обвинител, Ненад Савески говори дека станува збор за човек со долгогодишно искуство, се вели во соопштението од СДСМ. „Но, клучното прашање е дали новиот Јавен обвинител ќе постапува независно, професионално, и непристрасно или под диктат на владата.…
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
Пекол на Блискиот Исток: Иран со масовен удар врз Израел и Заливот – нападната и американската флота
Светот е во исчекување на одговорот по најобемната воена операција на Иран од почетокот на војната. Во текот на изминатата ноќ, Техеран истрела масовен бран ракети и дронови, кои освен Израел, погодија и цели во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин. Иранската револуционерна гарда потврди дека една од примарните цели била базата на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин, што го доведува регионот на работ на тотална војна. Иако израелската противвоздушна одбрана собори голем дел од проектилите, израелската армија (ИДФ) веќе детектираше втор бран и е во состојба на највисока борбена подготвеност.
