Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори, рече Мицкоски на денешната средба со новинарите. Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци. -Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме…
Повеќе