- „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ
- УЈП во голема акција: Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата
- Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники
- Гостиварец заработи кривична – следел и вознемирувал малолетничка преку мобилна апликација
- Рачна бомба пронајдена во двор во Гази Баба
- Ужас на детско игралиште во Скопје: Куче со сопственик нападна седумгодишно девојче
- Гореше куќа во скопско Инџиково – сопственикот тешко повреден
- Пожар среде ноќ во Скопје: Гореше кров на ресторан на „Втора македонска бригада“
Author: Author 04
За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците како ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба. И овојпат таа нагласи дека се испорачани онолку учебници колку што пријавиле самите училишта. -Учебници има, сè што побарале училиштата, сè е испорачано. На Министерството му е сосема сеедно дали ќе отпечати милион…
Вчера во 22:05 часот Е.К.(23) од Скопје пријавила во полиција дека околу 20:40 часот, додека седела во угостителски објект на подрачјето на Центар, малолетно лице кое управувало електричен тротинет ѝ одзело чанта со паричник и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се реагира и тие ќе учат онлајн. Но, засега, рече, нема опасност. „Учениците од четирите училишта во Трубарево од денеска се со физичко присуство. Доколку Министерството за животна средина или Министертсвото за здравство нè информираат за…
Бројот на жртви од ужасниот масакр во Виена се зголемуваЌерката чиј српски татко Н. М. (44) ја застрелал мајка си во глава, а потоа се самоубил, починала од повредите, објавува „Хојте“. Лекарите со денови се бореле да ја спасат ќерката на човекот кој ја застрелал својата сопруга во Виена, објавува австрискиот портал. По ужасниот масакр во виенскиот округ Леополдштат, трагедијата однесе уште една жртва. 24-годишната ќерка, која беше застрелана од нејзиниот татко, почина од сериозни повреди во Општата болница во Виена. Таа почина во четврток навечер. Со ова, бројот на жртви се искачи на три: 44-годишен маж наводно ги застрелал…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистини за откупот на грозје, обезбедивме сигурен откуп и исплата на лозарите
СДС повторно шири невистинити и обиди за манипулација со лозарите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС сега глуми загриженост, а токму тие во нивното владеење не понудија ниту еден оддржлив модел за откуп на грозје. Граѓаните знаат дека токму во времето на СДС и нивните ниски откупни цени, останаа насобрани милиони килограми винско грозје. За разлика од празните зборови и манипулациите на СДС, резултатите на терен говорат доволно јасно. Од СДС треба да се запознаени дека одредбата од Законот за вино, која дозволува кратење од 8% од цената на грозјето од страна на винариите, е донесена токму во нивно време. За разлика…
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13-ти и 14-ти септември, по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“ покажуваат значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како и дека биле измерени високи концентрации на честички и тешки метали. Во соопштението се наведува дека на 18-ти и 19-ти септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажува дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на…
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица. Осомничените се товарат за сторени кривични дела: Злосторничко здружување и Пустошење на шуми, шестмина од нив и за Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела Давање поткуп, а на еден осомничен и кривично дело Примање поткуп. Во текот на 2025 година, двајца вработени во осомниченото правно лице и полициски службеник формирале група…
По контроверзната изјава на министерката за јавни набавки, која е создадена со вештачка интелигенција, дека се чувствува „повредена“ што ја нарекле „неуставна“, изби хаос во албанскиот парламент. Пратениците од опозицијата почнаа да фрлаат шишиња и хартии кон премиерот Еди Рама. На 11 септември, Албанија го назначи својот прв министер за вештачка интелигенција, кој е задолжен за јавните набавки и тендери. Оваа одлука беше проследена со остри реакции и критики од опозицијата, која смета дека ваквиот потег е неуставен и недемократски.
Вчера во 23:30 часот во СВР Скопје, И.Ш.(23) од село Танушевци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет, информираа од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Владата во соопштение до медиумите реагираше на критиките од опозициската СДСМ, поврзани со мерката за ангажирање 400 пожарникари, нарекувајќи ги тврдењата на опозицијата „манипулации и политички напади“. -СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации, се наведува во соопштението од Владата. Фактите се едноставни и непобитни, велат од Владата и посочуваат дека ова е првпат во историјата на нашата…
