- Марихуана на улица, кафеава прашкаста материја во затворот: Што сѐ пронајде полицијата за еден ден?
- Вработените добила плата однапред, но и забелешка парите да ги стават на друга сметка – Како Алта Банка е ликвидирана преку ноќ?
- На Шапка измерена нула, најмногу дожд во Струмица
- Уапсен началникот на криминалистичката полиција во Белград – се сомничи дека фалсификувал докази
- Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Предизвика протести кои го урнаа Вучиќ, судењето сѐ уште не е почнато
- Раст на бројот на гласачи во Брвеница до 9 часот споредено со првиот круг
- Втор круг од предвремените локални избори во Брвеница
- Ќе врне цел ден, на места и пообилно
Author: Author 04
Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава простор за евакуација: помошната врата била заклучена со катанец и без квака, а дополнително запечатена со стиропор од надворешната страна. „Најболната работа беше заклучената задна врата. Немаше систем за јавување пожар, хидрантот беше празен – без вода, без црево и без млазници“, истакна сведокот. Според него, објектот бил „стапица“ со лесно запаливи материјали, каде дури и прозорците на тоалетите биле со железни решетки, оневозможувајќи каков било излез или…
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот. Според последните податоци, во изминатите десет дена сообраќајната полиција изрекла санкции за дури 238 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила. Покрај пешаците, на удар на законот се најдоа и возачите на моторни возила. Дури 754 учесници во сообраќајот добија санкции поради неносење сигурносен појас, додека 43 мотоциклисти се казнети затоа што возеле без заштитен шлем (кацига). Од полицијата апелираат сите учесници, вклучително и возачите на електрични тротинети, каде исто така е регистриран прекршок, да бидат крајно одговорни.
Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со оптимистичка оцена за војната со Иран, тврдејќи дека американската војска веќе „онеспособила“ 58 ирански воени бродови. Иако Иран објавува снимки со кои тврди дека сè уште владее со Ормутскиот теснец, Трамп порача дека Техеран има само уште „неколку преостанати ракети“ и дека САД практично веќе победиле во овој судир. Трамп тврди дека операцијата е огромен успех и дека иранската морнарица е десеткувана. Ноќеска контејнерски брод беше погоден од ракета северно од Џебел Али (ОАЕ), а нападите кај Басра однесоа една жртва и 38 повредени. Од 28 февруари до денес, вкупно 13 комерцијални бродови биле…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска излезе со сериозни обвинувања дека Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е целосно инструиран и координиран од опозициската СДСМ. Според Петрушевски, протестите на синдикатот не се автентични, туку се партиска операција за која логистиката ја обезбедува СДСМ. „ССМ е само СДС во синдикални маички. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат дека главните луѓе на терен за организирање на протестите се всушност истакнати партиски кадри на СДСМ“, изјави Петрушевски. Тој како пример го посочи Бранко Георгиев, поранешен раководител во Струмица, тврдејќи дека тој е клучниот човек за превоз и организација на луѓе за…
Грчкиот бродски магнатски врв е во шок по синоќешниот напад во Персискиот Залив. Танкерот „Zefyros“, сопственост на браќата Јоргос и Василис Михаило (зетот на сопственикот на „Џамбо“), е еден од двата брода што беа зафатени од пламен по напад со ирански подводен дрон или брод-бомба. Иако 22-члениот екипаж на грчкиот танкер е на безбедно благодарение на брзата интервенција на ирачките власти, едно лице го загуби животот на другиот нападнат брод, американскиот „Safesea Vishnu“. Ова е веќе петти брод во грчка сопственост што е погоден од почетокот на новата војна, што предизвика сериозен аларм во бродските кругови во Атина. Снимките потврдени…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите љубители на поезијата и музиката на 18 март, од 19:00 часот, во „Лабораториум“, на целовечерен поетско-музички настан „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша!” „По повод 50 години од постоењето на нашата општина организираме серија настани што ќе ја збогатат градската културна сцена. Почнуваме со дружење посветено на поезијата и музиката, со наши домашни автори. Влезот е слободен, а добредојдени се сите вљубеници во убавиот збор и музиката“, рече Герасимовски. На настанот, поддржан од Општина Центар, ќе настапат триесетина истакнати македонски поети кои ќе ги презентираат своите стихови. Поезијата ќе се…
Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца, се вели во соопштението од „Вреди“. „Употребата на албанскиот јазик е основно човеково право кое е една од темелните вредности на Уставот. Државните институции имаат обврска да го обезбедат исполнувањето на правото на секој граѓанин на државата на неговиот мајчин…
Високите стандарди во создавањето вина, децениската посветеност на квалитетот и континуираните успеси на меѓународната сцена донесоа значајно признание за винарската визба „Тиквеш“, која ја освои титулата „Best Producer – Republic of North Macedonia“, на престижниот вински натпревар Mundus Vini. „Да се биде прогласен за најдобар производител од Македонија на натпревар со реномето на Mundus Vini е потврда за нашата посветеност, визија и континуирани инвестиции во квалитетот на нашите вина. За нас ова признание има особено значење, но претставува и дополнителен мотив во иднина сѐ поамбициозно да го унапредуваме квалитетот. Ќе продолжиме да создаваме вина кои со својата автентичност и комплексност…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја вознемири јавноста со објава на социјалните мрежи во која тврди дека неговото семејство е под директна закана од страна на Украинци. Орбан сподели емотивно видео во кое телефонски ги предупредува своите ќерки да бидат внимателни, но да не подлегнуваат на стравот. „Украинците веќе им се закануваат на моето семејство, децата и внуците. Сите се добро, но сè има свои граници!“, напиша премиерот на Фејсбук. Во видеото, тој разговара со ќерките Роза и Сарика, порачувајќи им да ги следат вестите и да се чуваат. И покрај сериозноста на ситуацијата, Орбан нагласи дека семејството е обединето и…
Луксузниот брег на Дубаи ноќеска беше цел на напад со беспилотно летало, кој предизвика сериозни оштетувања на висок облакодер во елитната област „Дубаи Крик“. Како што соопштија локалните власти, дронот директно „паднал во зградата“, по што избувнал пожар кој пожарникарите го гаснеле со часови. Објавените фотографии од местото на настанот се застрашувачки – на врвот на модерната висококатница зјае огромна дупка предизвикана од силниот удар. За среќа, според официјалните информации од прес-службата на владата на Дубаи, нема повредени лица во овој инцидент кој го вознемири целиот град.
