- СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
- Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
- Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
- Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
- Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
- Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
- Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
- Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
Author: Author 04
Владата на Србија утрово на вонредна седница донесе радикална мерка – целосна забрана за извоз на нафта и сите нафтени деривати. Одлуката, која стапува на сила веднаш и ќе трае најмалку до 19 март, има за цел да го спречи преливањето на глобалниот енергетски хаос врз српските граѓани и стопанство. Министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, појасни дека ова е неопходен чекор поради драстичните нарушувања на светските берзи. „Суштината е да го заштитиме нашиот пазар од недостиг и енормни скокови на цените. Србија во моментов ги држи цените на дериватите под нивната реална берзанска вредност и сакаме тоа да го…
Светот се соочува со нов енергетски потрес. Цената на суровата нафта „Брент“ утрово достигна драматични 110,90 долари за барел, што е највисоко ниво од почетокот на војната во Украина во 2022 година. Главната причина за овој нагол скок е ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и стравувањата дека војната во Иран може целосно да го блокира протокот на нафта. Трговците со енергенси се во паника откако нападите врз клучните рафинерии во регионот станаа секојдневие. Додека светот стравува од рецесија, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека овој пораст на цените е „многу мала цена што треба да се плати за мирот“.…
Овен: Време е за акција, а не за чекање Денес може да ви се врати идеја што некогаш сте ја оставиле на страна, но сега ја гледате со сосема поинакви очи. Вашата интуиција е изострена и ви помага непогрешливо да препознаете што навистина вреди да се оживее. Со Месечината во Стрелец, желбата за учење или движење напред е посилна од кога било. Не го чекајте совршениот момент бидејќи тој не постои – едноставно започнете со еден мал, но решителен чекор. Бик: Гледајте ја „големата слика“ Вашиот фокус денес е насочен кон долгорочните планови и моќните соработки. Можно е да се…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на вештачки создадени кризи. Таа потврди дека по вчерашниот состанок со сите нафтени компании во земјава, констатирано е дека залихи има и снабдувањето е апсолутно стабилно. За да се спречат злоупотреби и вештачки поскапувања, Државниот пазарен инспекторат веќе посетил над 100 бензински пумпи во само едно деноноќие. Ниту една компанија не пријавила проблем со количините на нафта. Министерството за финансии има алатки (намалување на акцизата за 1, 2 или 4 денари) доколку цените драстично пораснат. Регулаторната комисија за енергетика како независно тело ќе ја донесе следната одлука…
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Март 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.
На иницијатива на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. На настанот учествуваа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор. Министерот Тошковски нагласи дека семејното и родово базираното насилство е проблем кој постои со години и за кој мора да се зборува отворено, со цел заеднички – институциите, граѓаните и целото општество – да се фокусираат на изнаоѓање ефикасни решенија. „Првата тема што сакам да ја отворам…
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Д.(20), Р.М.(20) и 19-годишната Е.В., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати.Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог…
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
