Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ за изборот на Савески: Дали новиот обвинител ќе биде професионалец или „човек на Мицкоски“

    СДСМ за изборот на Савески: Дали новиот обвинител ќе биде професионалец или „човек на Мицкоски“

    11.03.2026 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ нема да биде како ВМРО и предвреме да осудува. Досега сите нивни одлуки се покажаа како одлуки за поставување луѓе кои ги контролира Мицкоски како што беше примерот со неговиот советник кој го избраа за судија, или сопругата на градоначалникот на ВМРО. Народот вели, кој се изгорел на млеко, дува и на јогурт. Професионалниот профил на предложениот кандидат за нов државен Јавен обвинител, Ненад Савески говори дека станува збор за човек со долгогодишно искуство, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Но, клучното прашање е дали новиот Јавен обвинител ќе постапува независно, професионално, и непристрасно или под диктат на владата.

    СДСМ и граѓаните внимателно и будно ќе ја следиме неговата работа токму по тоа – дали ќе има храброст да се спротивстави на притисоците и да постапува професионално, дури и кога станува збор за случаи кои водат до власта.

    Владата на Мицкоски е потресена од низа сериозни афери и криминални скандали со тендери – од 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга, 74 милиони евра за трета фирма, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

    Очекуваме пред сè независност, стручност и непристрасност. Да постапува по закон, да гони криминал без разлика кој стои зад него и да покаже дека обвинителството не е инструмент на власта.

    Начинот на кој течеше разрешувањето на поранешниот обвинител, политичките притисоци и елиминацијата на обвинител јавно на телевизија од страна на Мицкоски, оставаат сериозен сомнеж во намерата на власта.

    Оттука, новиот јавен обвинител го чека многу работа, особено во случаите со криминал и корупција на власта.

    Предметите се тука. Нека ја врши својата работа. Законот мора да биде еднаков за сите. Правдата мора да биде достижна“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.