- Делови од Кисела Вода и Центар вечерва без вода
- Катаклизма во Бразил: Најмалку 36 загинати по рекордните дождови во Сао Паоло
- Москва со критики до ОН: Новата резолуција за Украина е „антируска стапица“
- Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата Лабораторија и за нови методи
- Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници
- Избувна голем пожар кај Струмица: Пожарникарите спречија катастрофа
- Кулминира револтот во Крива Паланка: Утре протест против кравите што уништуваат имоти
- И Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ
Author: Author 04
Вчера во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентниот центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот. -Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за пет неделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.
Денеска, во Собранието на Република Македонија, се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за понатамошни институционални унапредувања. Во извештајот се констатира дека во анализираниот период јавниот сектор немал воспоставена целосна стратешка, законска и инфраструктурна рамка за системска примена на ВИ. „Овие наоди се сериозни и ги третираме како основа за институционално…
Владата ја усвои новата Програма за директни плаќања за 2026 година, со која се воведуваат клучни промени во начинот на субвенционирање на земјоделците. Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, појасни дека главната цел на реформите е зголемување на домашното производство на храна и воведување строг ред при исплатата на државната помош. Како една од позначајните новини е минималното зголемување на површините кои се услов за добивање субвенции. Министерот е дециден – контролите на терен ќе бидат безмилосни за да се спречат досегашните злоупотреби. „Инспекторите се ставени на располагање на Платежната агенција за да се спречи одлевање на државни средства кај лица…
Министерството за транспорт информира дека, во тесна координација со Европската комисија, се работи на трајно решение за статусот на македонските превозници во рамки на Шенген зоната. Ресорните министерства веќе подолго време се во интензивен дијалог со ЕК со цел да се изнајде одржливо решение што ќе ги заштити интересите на домашните превозници. Според Министерството, во фокусот на разговорите е новата визна стратегија на Европската Унија, која предвидува можност возачите да бидат третирани како професионалци, како и разгледување на други видови визи кои би ја олесниле нивната работа во странство. Исто така, е потврдено дека примената на ЕЕС системот ќе биде…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе…
Денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, соопштија од УХМР.Утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе засилен повремено силен северен ветер. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец.Од УХМР најавуваат дека во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.
Вчера во 17:32 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници д ОВР Струга го лишија од слобода Е.Д.(31) од струшкото село Радолишта. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека имал активна забрана на управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Е.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утрово во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга. Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
Комуналните инспектори и комуналните редари на Општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени. Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период. На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да…
Од денеска поскапеа цигарите кои се користат за IQOS уредите. Љубителите на овој тип тутунски производи веќе ги забележаа промените во малопродажните објекти низ државата. Промената на цената е веќе евидентирана во ценовниците: „Од денеска Тереа се продава за 170 денари, додека до вчера цената на едно пакување изнесуваше 160 денари.“ Засега нема официјални информации дали ова поскапување ќе повлече корекција на цените и кај останатите брендови на бездимни производи или класичните цигари.
