- ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
- Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
- Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
- Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
- Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
- Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
- Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
- Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште
Author: Author 04
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведе системски пристап за заштита на државата во судските процеси и активно покренува тужби за наплата на долгови од должници. Од Министерството соопштија дека биле затекнати бројни судски предмети во кои државата не била адекватно застапена и не била извршена соодветна правна заштита. За првпат, како што посочуваат, со новиот пристап се водат сите постапки со цел заштита на јавниот интерес, како и покренување на нови тужби за наплата на долгови. -Во изминатите години државата била оставена без активна правна заштита – не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност…
Пристигна првиот снег во Македонија. Првиот снег за оваа сезона утрово ја покри Попова Шапка. Камерите ја забележаа обелената планина. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде портокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд и снег.
На Копаоник утрово беше измерена температура од минус два степени Снегот што од синоќа на Копаоник континуирано и интензивно паѓаше, формираше снежна покривка, а сите што се најдоа на оваа српска планина уживаа во снежната магија. Исто така, утрово на оваа планина беа измерени -2 степени, а тоа беше најниската температура измерена во Србија. Судејќи според сè, зимата пристигна со првите денови од есента, а луѓето се воодушевени од сцените од зимската идила. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде предупредување за ридско-планинските региони на јужна и источна Србија за снег и формирање снежна покривка денес и утре.
Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение ја истакнува својата постојана и активна соработка со здруженијата и институциите кои работат на заштита на правата и безбедноста на новинарите и нагласува дека слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Како дел од таа заложба и меѓусебната блиска соработка меѓу МВР и ЗНМ на насловната веб-страница на МВР е поставен линк до регистарот на напади врз новинари кој води до страницата на ЗНМ каде е објавен регистарот. Овој регистар прикажува случаи на повреди на правата на новинари — со детали за видот на нападот, локацијата, статусот на…
Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше. Кога лаже Венко? Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог…
Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски. Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг. „Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата,…
Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица. До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје – Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово,…
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кандидатите за локалните избори денеска на четвртиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Карбинци (17:00), Чешиново Облешево (18:00), Зрновци (19:00) и Виница (20:00). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Студеничани (17:30), Зелениково (17:30), Кисела Вода (18:30) и Аеродром (20:00). Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во 12:00 часот ќе одржи прес-конференција во Хиподром на локацијата Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Мартин Костовски ќе биде меѓу граѓаните на Куманово. Во…
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне само до 11 степени. Утре ќе има врнежи од дожд, а на планините…
