Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко

    02.10.2025 во 09:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше.

    Кога лаже Венко? Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог е дипломатска победа или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии која е всушност во интерес на источниот сосед?

    Што се смени во меѓувреме, освен интересите на Филипче и неговиот ментор Заев?

    Филипче и СДС не се водени од државниот интерес туку од политички калкулации, личен бенефит и обид да се задржи Филипче на врвот на СДС.

    Предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче не е ништо друго освен дополнително поттчинување на Македонија со цел СДС да се испазари за да дојде на власт со надеж дека источниот сосед или некој од меѓународната заедница ќе им помогне. И обид во најмала рака Филипче да ја задржи фотелјата во СДС.

    Филипче ќе направи се, само да дојде на власт, а со предлогот со црвени линии, дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите коишто ги прифати во корист на соседна Софија.

    Граѓаните ја препознаваат шемата на СДС, шемата на Заев и Филипче со патриотизмот. Граѓаните знаат дека СДС во коалиција со ДУИ ја уназадија Македонија и ги подриваа позициите на земјата.

    Затоа наместо Филипче да нуди предлог резолуции со црвени линии, по катастрофалниот пораз на овие избори нека спреми предлог за сериозни реформи во СДС.

    ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Филипче да го заврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите принципи, Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана.

    Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.