Author: Author 04

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријатие за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „бесправно градење“. -СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против З.Г. (56) од Струмица – поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано…

Повеќе

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување…

Повеќе

Вчера во периодот од 15:50 до 17:30 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода И.У.(36) од Гостивар, Р.А.(20) од Струга и Б.Љ.(23) од Тетово.При сообраќајна контрола со радар констатирано е дека И.У. управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 173 километри на час, дека Р.А.(20) од Струга управувал патничко моторно возило ,,ауди“ со струшки регистарски таблички со брзина од 181 километри на час и дека Б.Љ.(23) од Тетово управувал патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина…

Повеќе

Вчера во 17:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(52) од с.Долно Количани, скопско, удрило во пешакот Љ.В.(54) од с.Агино село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Денеска во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ е пријавено дека во периодот од 04:03 до 05:50 часот две лица со употреба на сила отворале паркомати во катна гаража „Разловечко востание“, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на бул. „Кочо Рацин“ и во Градски трговски центар и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Повеќе

Вчера во 16:20 часот во СВР Скопје, А.П.(34) од Скопје пријавила дека околу 15:45 часот на подрачјето на Центар, едно женско лице влегло во нејзиниот стан кој не бил заклучен и од еден паричник одзела пари, а одзела друг паричник со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

„Аеродром не заслужува да изгледа како депонија. Време е за промена и затоа нашиот кандидат е Александар Трајановски,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на општината заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, д-р Александар Трајановски и кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова. „Ѓубре насекаде, околу контејнерите, корпите искршени, ѓубре на зелените површини, за жал тие не искосени, ниту едно ветување неостварено. Прво, од страна на Тимчо Муцунски, кој што избега општината, понатаму на неговиот наследник Дејан Митевски за којшто стварно не знам како може да се кандидира и да ветува некакви работи, кога сега општината…

Повеќе

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево бил пронајден починат Љ.Т.(68) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во…

Повеќе

При денешната посета на Општина Аеродром, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, ја отвори и темата која, според неа, е од особена важност за граѓаните проблемот со бездомните животни. „Во изминатиот период, низ разговорите со граѓаните, речиси секојдневно го слушаме истиот проблем уличните кучиња. Проблемот е реален и мора да се решава со сериозен, хуман и системски пристап“, истакна Шукова. Таа најави план за изградба на државно прифатилиште со поголем капацитет, кое ќе овозможи поефикасно справување со проблемот. „И покрај активностите на ‘Лајка’, потребен е поголем и одржлив капацитет. Затоа предвидуваме државно прифатилиште кое ќе го адресира проблемот во…

Повеќе