Author: Author 04

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја. Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки. Премиерот Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат…

Повеќе

Вчера околу 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(62) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј., констатирани во Општата болница Велес, информираа од полицијата.  По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Повеќе

Неочекувани снежни врнежи од синоќа предизвикуваат хаос низ цела Србија. Токму ова се случи во местото Добриња во близина на Тутин, каде снегот ги отсече луѓето од градот и каде што паднаа над 55 сантиметри снег. Како што е објавено на социјалните мрежи, покрај непроодните патишта покриени со снег, проблем на ова место е и фактот што мештаните немаат струја со часови. „Добриња, Тутин. 55 сантиметри снег. Нема струја од синоќа. Луѓето се целосно отсечени од градот“, пишува на Инстаграм страницата „192_rs“. Наведената страница објави и видео од ова место, а како што можете да видите во него, атмосферата повеќе…

Повеќе

Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни. Станува збор за судија со 19 – годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник. За сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, како што посочивме јавноста и странките ќе бидат благовремено известени, велат од Кривичен. Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик. Како што информира Јавното обвинителство, на 25 септември во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и и биле нанесени повеќе телесни повреди. Јавниот обвинител предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик. На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и и биле нанесени повеќе телесни повреди. Против друг осомничен, поведена е постапка за истото кривично дело, бидејќи вршел семејно насилство на 1 октомври…

Повеќе

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија од ЈП „Водовод и канализација“ и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Зголемување на цената има во сите три сегменти – кај водата за пиење, кај прочистување на отпадни води и кај собирањето и одведувањето на урбани отпадни води. Збирно зголемувањето е за околу 10%. ЈП „Водовод“ потврди дека цената на водата е зголемена со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од Регулаторната комисија појаснуваат дека одлуката за цената на водата во Скопје ја донеле тие, бидејќи…

Повеќе

На 02.10.2025 во с.Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе. При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени 14 кутии или 392 таблети бупренорфин. При преземање мерки утврдено е дека М.М. издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство, се наведува во полицискиот билтен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција вети итни мерки за решавање на проблемот со дивоградбите, нагласувајќи дека граѓаните кои биле измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија. Како што појасни Османи, работа на кризниот штаб, што ќе биде формиран за таа намена, ќе биде мапирање на дивоградбите и нивна темелна проверка за да се утврди дали ги исполнуваат стандардите за безбедно домување, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од Националната алијанса за интеграција (НАИ) за општина Чаир Бујар Османи, што МИА го пренесува интегрално. „Најпрво е тестирање на структурната стабилност на тие згради, бидејќи нашите…

Повеќе

Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции, кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа. Ова денеска го истакна генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кој рече дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции. Претставките, појасни, опфаќаат различни периоди, најстарата е за нешто што се случило во 2010 година. – Во основа има три категории поплаки, односно претставки: едната е каде можно е да им е направена интервенција на пациенти, а немало потреба од тоа,…

Повеќе