- Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
- Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
- Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
- Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
- Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
- Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
- Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
- ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
Author: Author 04
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал на партиски состонок за изборите во партиски штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, се наведува во соопштението на СДСМ. „На истиот состанок присуствувал и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи. Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ наместо на изборниот процес. Ова е флагрантна злоупотреба на институциите во партиски цели. Министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплинска постапка и одговорност…
Наредба за спроведување истражна постапка против двајца жители на Брвеница денеска донесе Основното јавно обвинителство Тетово за кои постои сомнение дека биле соизвршители во кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Како што соопшти Основното јавно обвинителство, на 4 октомври 2025 година, околу 2 часот по полноќ, осомничените пренесувале вкупно 110,31 грама наркотична дрога кокаин. -Нивниот автомобил БМВ полицијата го забележала на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на клучката за Брвеница, и бидејќи се движеле нестабилно, со цик цак движења, полициските службеници им дале сигнал да застанат. Кога подзапреле, едниот осомничен се обидел…
Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа, рече на денешната прес-конференција Александар Димитриевски од редовите на СДСМ. Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува, рече Димитриевски. Димитриевки нагласи дека СУБВЕНЦИИТЕ ОД МИНАТАТА година ЗА ПИПЕРКАТА СЕУШТЕ НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ. „Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на…
Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш по изборите. -Денес сме во Ѓорче Петров, една од општините која секојдневно го носи товарот на голем сообраќаен метеж, рече тој, најавувајќи дека почетниот проект ќе биде изградба на модерен кружен тек меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот Македонска војска што, според него, ќе донесе повеќе безбедност, помалку метеж и подобра мобилност на целиот западен влез од градот. Во неговата визија за Скопје која носи концепт за нулта сообраќајни несреќи се планирани редизајнирање на 50 критични крстосници и улици. -Планираме…
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави визионерски план за пренамена на Градскиот трговски центар во ново седиште на градската администрација и современ хаб за младите и културата, наведува Коалицијата „Искуство за успех“ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. „ГТЦ е симбол на Скопје, за да го зачуваме и заштитиме, мора да добие своја пренамена. Ќе добие нова улога – ќе биде функционален дом на институциите на Градот, достапен и ефикасен за граѓаните, но и ново срце на младите, иновацијата и културата.“ изјави Трајановски. Во оваа визија и решение се предвидува, покрај…
Ноќеска во 02:35 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.М.(41) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал П.М. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,04 промили алкохол во крвта. Пет минути подоцна во 02:40 часот на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(31) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го…
Беспилотни летала над Европа, затворени аеродроми, блокирање на GPS сигналот и сајбер напади – нов вид војна веќе не се води само на фронтовските линии, туку и во воздушниот и дигиталниот простор. Во тек е тивок конфликт, кој ги тестира безбедносните капацитети на европските земји, велат аналитичарите. Дали сме во војна со дронови, или е тоа форма на заплашување на противникот, и колку е опасен дронот во денешниот начин на војување, истражуваше нашиот Никола Туцовиќ. Во изминатите неколку дена, низ северна Европа, во четири градови во Данска, како и во Осло, дронови го нарушија воздушниот сообраќај, ги нарушија аеродромските операции…
Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство во идниот состав на Советот на Општина Битола, изјави кандидатот за градоначалник Тони Коњановски. На прес-конференција што се одржа во битолскиот огранок на Социјалистичката партија на Македонија, Коњановски се заблагодари за јавната поддршка од таа партија. -И во оваа кампања сме заедно со Социјалистичката партија на Македонија, нашиот традиционален поддржувач. Во идниот состав на Советот на Општина Битола очекуваме мнозинство и на тој начин непречено реализирање на нашата заедничка програма, посочи кандидатот и актуелен градоначалник на Битола, Тони Коњановски. Според носителот на листата Филип Поповски, кадровската и програмската понуда на коалицијата…
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше со жителите на Кале кадешто дискустираа за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат. Граѓаните кои живеат на Кале му се заблагодарија на Герасимовски за поставувањето на ново игралиште кадешто децата и младите од оваа населба рекреираат и спортуваат, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Герасимовски, информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар за подобрување на условите во градинките, во училиштата, за реконструкција на улици, за вложување во младите, за реконструкција на повеќе од…
На Денот на просветните работници, носителката на советничката листа за Град Скопје, Катерина Цаневска, порача дека образованието е темелот врз кој се гради напреден град и дека иднината на Скопје се создава преку училиштата, наставниците и младите луѓе. „Денес не сме тука само да им честитаме на наставниците, туку и да зборуваме за она што е суштината на секое напредно општество – образованието. Скопје ја гради својата иднина преку училиштата, преку наставниците и преку младите кои секојдневно учат и создаваат“, изјави Цаневска. Во рамки на програмата „Образование и можности“, Цаневска најави повеќе проекти кои го ставаат образованието во центарот на…
