Close Menu
    Најново

    Тага и шок во регионот: Почина сопственичка на пекара – косата и се заплеткала во миксер за тесто

    13.11.2025 во 22:47

    Ѓорѓиевски: Слободата на Скопје е платена со највисока цена, наша должност е да го изградиме градот достоинствено

    13.11.2025 во 22:18

    Искористете го сонцето за викенд, од вторник доаѓа голем пресврт

    13.11.2025 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тага и шок во регионот: Почина сопственичка на пекара – косата и се заплеткала во миксер за тесто
    • Ѓорѓиевски: Слободата на Скопје е платена со највисока цена, наша должност е да го изградиме градот достоинствено
    • Искористете го сонцето за викенд, од вторник доаѓа голем пресврт
    • Трагедија во Тексас: Познат инфлуенсер застрелан од полицијата
    • Трагедија во Турција: Две деца од Германија починаа од сомнително труење со храна, мајката и таткото се борат за живот
    • Епидемијата на колера во Африка е најлоша во последните 25 години: 300.000 луѓе заразени, најмалку 7.000 мртви
    • Лукоил најде нов купувач – американски гигант размислува за купување
    • Трагичен крај на потрагата: После седум дена докторот пронајден мртов
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Трајановски: ГТЦ ќе стане седиште на градската администрација, Стартап Хаб и зелена градина

    Трајановски: ГТЦ ќе стане седиште на градската администрација, Стартап Хаб и зелена градина

    05.10.2025 во 13:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави визионерски план за пренамена на Градскиот трговски центар во ново седиште на градската администрација и современ хаб за младите и културата, наведува Коалицијата „Искуство за успех“ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

    „ГТЦ е симбол на Скопје, за да го зачуваме и заштитиме, мора да добие своја пренамена. Ќе добие нова улога – ќе биде функционален дом на институциите на Градот, достапен и ефикасен за граѓаните, но и ново срце на младите, иновацијата и културата.“ изјави Трајановски.

    Во оваа визија и решение се предвидува, покрај градските институции, ГТЦ да стане и модерен простор наменет за младите, иновативноста, претприемништвото, зачувувањето на занаетите и нова поголема еколошка зона.

    Скопски Хаб на Иновативност и Стартап центар

    Во ГТЦ ќе биде воспоставен Скопски Хаб на Иновативност и Скопје Стартап Хаб, каде младите ќе развиваат свои идеи, ќе добиваат менторство и обуки, и ќе започнуваат нови бизниси. Ова ќе биде место каде Скопје ќе произведува решенија за сопствените предизвици и ќе креира иднина за младите генерации.

    Културно и занаетчиско јадро

    Освен административниот и стартап дел, во ГТЦ ќе има и простор за култура и традиција:

    · галерии за музичка и ликовна уметност,

    · изложбени простори за млади автори,

    · ателјеа за занаети во изумирање, кои ќе добијат нов живот во модерна форма.

    Зелена градина на покривот

    Наместо сегашната мала градина, целиот покрив на ГТЦ ќе биде претворен во голема зелена градина, нова градска оаза во срцето на Скопје. Тоа ќе биде место за одмор, културни настани и урбано зеленило, со засадени дрвја, предвидени модерни седечки позиции и простор за младите и семејствата. Новата покривна градина ќе обезбеди дополнителна енергетска ефикасност, подобрување на квалитетот на воздухот и современ изглед на објектот, кој повторно ќе стане симбол на модерно и зелено Скопје.

    „Со овој проект, ГТЦ ќе го претвориме во уникатен градски центар кој ги спојува администрацијата, иновацијата, културата, традицијата и екологијата. Ова ќе биде Скопје кое инспирира, мотивира и им припаѓа на своите граѓани,“ порача Трајановски.

    Популарно

    Падна висок функционер на ДУИ: Голема акција на полицијата во Сарај

    13.11.2025 во 10:39

    Блерим Беџети заработи кривична пријава

    13.11.2025 во 10:41

    Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ

    13.11.2025 во 13:49

    Падна инспектор: Запалил службен материјал во буре, по што ќе изгорела цела полициска станица

    13.11.2025 во 16:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.