Author: Author 04

Ноќеска во 02:05 часот кај клучка Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиja од слобода И.С.(23) и Н.С.(28), двајцата од Брвеница. При преглед на патничко возило „бмв” со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал И.С., а сопатник бил Н.С., пронајдени се околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Повеќе

Венко Филипче со новата резолуција сака да си отвори пат за правење на бонбона бизнис зделки со неговиот гуру Зоран Заев, на штета на македонскиот народ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Филипче покажа и докажа дека за него се важни само личните интереси, по цена дури и да го понижи македонскиот идентитет.  Да потсетиме, Филипче ја формираше фирмата Пауер АИ8 ЛТД (POWER i8 Ltd) и истата ја регистрираше на адреса со фирмите на Заеви, меѓу кои и Гомасидра, каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола. Потоа, ова криминално дуо, откако ги сврте овие 9 милиони евра,…

Повеќе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на свеченото отворање на новата брза железничка пруга меѓу Белград и Суботица изјави дека светот влегува во многу опасен период и дека, според него, „сите се подготвуваат за војна“. „Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде потешко и кај нас, затоа што луѓето мораат да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека таа и ќе се случи. Јас ви велам – ќе ја има,“ рече Вучиќ, пренесе Telegraf. Според српскиот претседател, глобалните сили веќе не се заинтересирани за разговори и дипломатија, туку исклучиво за конфронтација.…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, синоќа на граѓанската трибина во Охрид,  истакна дека СДСМ е државотворна партија со обврска пред предците да ја одбрани Македонија и да ја врати довербата на граѓаните.  „За помалку од една година, актуелната власт донесе несигурност и страв кај граѓаните за тоа каде се движи нашата земја. Должни сме како СДСМ да истапиме, да ги збиеме редовите и да излеземе сите силно обединети на овие избори. Ова е наша должност, затоа што СДСМ е партијата која ги постави темелите на државата“, порача д-р Филипче. Тој нагласи дека мора социјалдемократите да се…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на самитот, ја истакна важноста на апликацијата m.Uslugi за иднината на дигиталната трансформација на Македонија: „Со гордост ја претставуваме апликацијата m.Uslugi. Таа е симбол на новата ера – сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба.“ Премиерот упати посебна благодарност до министерот Стефан Андоновски и неговиот тим за, како што рече, „жестоката и напорна работа“ во реализацијата на оваа иницијатива. Со оваа апликација, Македонија прави крупен чекор кон дигитална трансформација, обезбедувајќи модерен, ефикасен и безбеден пристап до јавните услуги за секој граѓанин. Апликацијата е во тест…

Повеќе

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална супер апликација m.Uslugi, нарекувајќи ја „револуција на умот и делувањето“. Супер апликација значи дека апликацијата ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните. Со можност за складирање на електронски документи, најкористени услуги, потсетник за истекување на рокови и електронско сандаче. „Ова е една апликација што ја носи државата на дланка – една апликација за сите важни документи, една апликација за сѐ. m.Uslugi е новата и единствена супер-апликација, едноставна за симнување, прелистување, зачленување и користење,“ изјави Андоновски. Апликацијата m.Uslugi овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои…

Повеќе

Во изминатите 24 часа најногу дожд, 3 литри на квадратен метар наврна во Ѓуриште, а по 1 во Скопје-Петровец, Виница, Демир Капија. Највисока снежна покривка од 10 сантиметри, пак, има на Попова Шапка, 5 во Маврови Анови, а 1 сантиметар во Ѓуриште. Утрово најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, -2 во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево, 0 во Тетово, Охрид и Претор, 1 во Битола, 2 во Крива Паланка и Берово, 3 Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово, 6 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, а најтопло беше во Гевгелија каде е…

Повеќе

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава, соопштија денеска од Обвинителството. Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик. Тројца од обвинетите му помогнале да го изврши кривичното дело и ќе одговараат за убиство во врска со членот 24, додека една обвинета се товари за помагање на сторителот по извршување на…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево…

Повеќе

Вчера во 14:45 часот на Граничен премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода З.К.(54) од Косово. При гранични проверки и контрола, тој изјавил дека не ја носи возачката дозвола и се легитимирал со полициска легитимација на меѓународна полициска организација за која по извршени проверки е констатирано дека не постои, односно дека легитимацијата е фалсификувана. Лицето е задржано во полициска станица, со него е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе