Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Подгответе ги чадорите: Денеска не очекува дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Во план е поставување на пристапна рампа за лицата со попречености во секој новоизграден објект

    Герасимовски: Во план е поставување на пристапна рампа за лицата со попречености во секој новоизграден објект

    05.10.2025 во 12:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше со жителите на Кале кадешто дискустираа за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат. Граѓаните кои живеат на Кале му се заблагодарија на Герасимовски за поставувањето на ново игралиште кадешто децата и младите од оваа населба рекреираат и спортуваат, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го објавува интегрално.

    Герасимовски, информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар за подобрување на условите во градинките, во училиштата, за реконструкција на улици, за вложување во младите, за реконструкција на повеќе од 24 улици.

    Тој, најави нови мерки со кои продолжува прогресот на општината.

    -Еден од главните приоритети во новата програмата е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, кадешто обезбедуваме простор за вработување на околу 25 воспитувачи. Планираме и набавка на две цистерни и пет метларки за да го подигнеме капацитетот на хигиена во сите општини. Во план е поставување на пристапна рампа за лицата со попречености во секој новоизграден објект, со ова покажуваме грижа кон сите граѓани. Како една од новините, исто така е и обезбедувањето на бесплатен училишен оброк за учениците во целодневна настава, рече Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.