Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Портокалово предупредување: Висока опасност од пожари низ земјава, ЦУК со апел до граѓаните
    • Анализите потврдија: Водата во Скопје е безбедна за пиење
    • ФОТО: Имаше само 36 години – Последната објава на славната актерка денови пред смртта ги растажи фановите
    • СДСМ: Каде се дневните анализи на водата во Гостивар?
    • Утрово во 8 часот: Ова се температурите низ Македонија – Подгответе се за невреме
    • Од денеска поскап бензин и дизел
    • Почна уписот на УКИМ – Колку слободни места има на факултетите?
    • Исклучување во 8:30 – Неколку скопски улици без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поскапе водата во Скопје

    Поскапе водата во Скопје

    03.10.2025 во 15:04Updated:03.10.2025 во 15:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија од ЈП „Водовод и канализација“ и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Зголемување на цената има во сите три сегменти – кај водата за пиење, кај прочистување на отпадни води и кај собирањето и одведувањето на урбани отпадни води. Збирно зголемувањето е за околу 10%.

    ЈП „Водовод“ потврди дека цената на водата е зголемена со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Од Регулаторната комисија појаснуваат дека одлуката за цената на водата во Скопје ја донеле тие, бидејќи Советот на Град Скопје, кој е надлежен за таквата одлука, во предвидениот рок не донел никаква одлука.

    – Регулаторната комисија има обврска да предложи најниска и највисока цена за водата, а советите на Град Скопје и сите општини во земјата треба да одлучат за крајната цена на водата. Во случајов, советот на Град Скопје не донесе никаква одлука, па Комисијата, според законот, мораше да утврди цена – велат од Регулаторната комисија за енергетика.

    Оттаму додаваат дека заедно со Здружението на даватели на комунални услуги (АТКОМ) и Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) работат на ново решение за утврдување на цената на водните услуги.

    – Се предлага Регулаторната комисија за енергетика целосно да го преземе утврдувањето на цените на водата – за сите општини во земјата. Со тоа ќе се одбегне практиката од политички причини советите на општините да не сакаат да ја зголемуваат цената на водата или да ја прифатат минималната цена која не овозможува никакви инвестиции во секторот каде што на ниво на државата загубите на вода се 63% – велат од Регулаторната комисија за енергетика.

    На овој начин, ќе се овозможи, цената на водата да овозможи инвестиции во секторот и редовно снабдување со вода.

    Прочитај повеќе

    Од денеска поскап бензин и дизел

    18.08.2026 во 08:19

    Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките

    17.08.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.