Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Трамп: Дизелот нагло ќе поевтини
    • Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
    • Можно одложување на палестинските парламентарни избори: На претседателот Абас му е препорачано гласање во септември 2027 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителството бара притвор за двајца осомничени за семејно насилство

    Обвинителството бара притвор за двајца осомничени за семејно насилство

    03.10.2025 во 15:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичен законик.

    На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и и биле нанесени повеќе телесни повреди.

    Против друг осомничен, поведена е постапка за истото кривично дело, бидејќи вршел семејно насилство на 1 октомври во селото Мирковци, каде телесно ја повредил неговата поранешна брачна партнерка. Откако дошол во домот и ја известил поранешната сопруга дека решил да остане таму, таа го замолила да си замине. Но, тој одбил, по што почнал физички да ја напаѓа, влечејќи и тегнејќи ја за рацете, удирајќи и тупаници, од кои удари оштетената се здобила со повреди.

    Во двата случаи, јавниот обвинител предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомничените, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед

    09.10.2026 во 21:58

    Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

    09.10.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.