Author: Author 04

Сметам дека во Ѓорче Петров треба да се случат промени на подобро поради состојбата во која се наоѓа Ѓорче денес. Јас и мојот тим имаме неколку клучни проекти за Ѓорче Петров во иднина да биде со еден хуман развој и да се менува на подобро, вели во дебата на МРТ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски. – Детектираме реални проблеми и нудиме реални, конкретни и практични решенија. Ние го замислуваме Ѓорче како чиста и уредена општина, со средени јавни простори, со зелени површини кои редовно се одржуваат, со нови зелени површини, содржини за најмладите, со пешачки патеки,…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.  -Попладнево на скопскиот аеродром ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на својата агенда за Западен Балкан денес пристигна во Скопје, објави Муцунски на Фејсбук. Министерот истакна дека од денешните средби очекува потврда за поддршката за процесот не евроинтеграција. -Очекувам на денешните средби да се потврди поддршката за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното приближување на регионот кон единствениот пазар на Европската унија. Членството во Европската унија останува стратешки приоритет…

Повеќе

Метеоролозите предвидуваат студена и снежна зима, особено во Северна Америка и делови од Европа Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA) потврди дека Ла Нињо официјално се формирала, што значи нови промени во тропскиот Пацифик. Ладењето на океанот започна и би можело да ја обликува зимата 2025/2026 година низ целиот свет, вклучително и Европа. Сепак, метеоролозите најавуваат нешто што ќе предизвика уште поголем интерес, а тоа е дека следната година би можела да донесе силен Ел Нињо, топла фаза од климатскиот феномен што ги менува временските обрасци низ целиот свет. Хрватскиот аматерски метеоролог Дино Дундиќ предупредува дека зимата ќе…

Повеќе

Вчера во 14:35 часот во СВР Скопје, А.М.(26) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир во автобус ѝ бил одземен паричникот со пари и лични документи, информираа од полицијата,  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при извршен претрес во полуотворено одделение во установата, кај осуденикот Б.Ј.(40) од Скопје е пронајдена и одземена марихуана, а при претрес на неговиот кревет се пронајдени и одземени марихуана и таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Триесет и седум годишната жена од Ваксинце која вчера беше пријавена за исчезната е пронајдена жива. Ова го потврдуваат од СВР Куманово, а повеќе информации се најавуваат во текот на денот. Од Центарот за управување со кризи, вчера информираа дека добиле пријава за исчезната жена, по што било побарано од МВР да се вклучат дронови во акцијата за пребарување.

Повеќе

По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти 15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на директорската позиција извршувал здравствена дејност. За ова Кузмановски ќе биде прекршочно парично казнет, а таква казна ќе има и за правното лице и за одговорно лице во правното лице. -На ден 14.10.2025 година извршен е вонреден…

Повеќе

Ние како држава сме подготвени да продолжиме со поддршката за Украина, но не може само постојано да се дава, без даденото да биде заменето, бидејќи најважна од се е нашата татковина, порача од Брисел министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА. – Во минатото како држава сме дали многу пакети, но јас многу внимателно влегувам и давам изјави во врска со тоа, бидејќи она што е дадено како ресурси од наша страна, мора да биде заменето. Не може само постојано да се дава, без да биде заменето. Ценам дека тоа е исправно, бидејќи јас сепак сум министер на…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која денеска треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека очекува од неа креативни предлози и решенија, по, како што рече, нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите. Шефицата на државата одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од средбата, но и што таа и ќе порача на Фон дер Лајен, истакна оти верува дека ќе се разговара за Реформската агенда и за Планот за раст, но додаде дека тоа повеќе ќе биде во сферата на…

Повеќе

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски. Николоски се осврна на проект, кој е дел од поширока програма за изградба и реконструкција на локални патишта, со поддршка од Светска банка, а ја нагласи и идејата за развој на индустриска зона околу обиколницата, со цел да се отворат нови работни места во близина на местото на живеење на жителите. ,,Навистина е задоволство да се присуства на почеток на овој проект, особено што до води до една преубава црква стара повеќе од 100 години. Мислам дека со завршувањето…

Повеќе