- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
- Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
- Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
Author: Author 04
Вчера во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, како и полициски екипи. По целосно расчистување на настанот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“ по член 264 од Кривичниот…
Вчера во 11:41 часот во СВР Скопје, С.С.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, додека чистела во напуштена куќа, сопственост на нејзините родители, пронашла две лименки завиткани во сeлотејп, на кои пишувало „топовски удар“ и на нив имало фитили. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и предметите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’.На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин.
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ најави дека еден од нејзините главни приоритети ќе биде потполната санација и модернизација на депонијата Дрисла, со цел конечно да се усогласи со европските стандарди за санитарни депонии. „Дрисла не е санитарна депонија. Тоа мора да го кажеме отворено. Иако со години се зборува за европски стандарди, реалноста е дека во депонијата нема соодветна контрола на гасовите, ниту на исцедокот што продира во почвата и подземните води“, изјави Шукова. Нејзиниот план предвидува воведување на целосен систем за собирање и контрола на метанот, за да се…
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека во првата година од нејзиниот мандат ќе воспостави јасен и предвидлив систем за собирање отпад по денови и видови, бидејќи само така ќе има ефикасна селекција на отпадот во градот. „Понеделник – пластика и хартија, вторник – комунален, среда – биоразградлив, со јасен календар и транспарентност. Граѓаните сакаат да селектираат, само треба да им овозможиме систем што функционира“, изјави Шукова во гостување на подкастот „Каде се парите?“. Таа најави дека ќе се инвестира во нова опрема и инфраструктура, модерни камиони, контејнери и дигитална платформа на која граѓаните ќе можат да го следат…
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека ќе воведе нов, фер модел за пресметка на комуналниот надоместок. Станува збор за наплата по создаден отпад, наместо по квадратен метар станбен простор. „Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Законската можност постои, но никој досега не ја применил. Ние ќе го направиме тоа, ќе воведеме наплата по создаден отпад, не по квадратен метар. Тоа е праведно, логично и мотивира за селекција“, изјави Шукова. Таа потсети дека ваквиот принцип…
Кандидатката за советничка во Советот на Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, проф. д-р Ана Угринска, бара бескомпромисна градска политика кон отпадот и загадувањето, со отворени податоци и ненајавени контроли, се наведува во соопштението на ДОМ. -Скопје не смее да се помирува со токсичните навики. Вардариште и Дрисла не се точки на карта, туку жаришта што ја разјадуваат довербата, здравјето и иднината, порачува Угринска. Предупредувајќи на штетата што ја трпат граѓаните, таа вели дека кога ноќта мириса на стопена пластика во Карпош и Ѓорче, тоа значи дека некој профитира, додека граѓаните плаќаат со…
Хрватското Министерство за внатрешни работи издаде важно известување до граѓаните на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија, дека од 12 октомври стапиле на сила нови правила за преминување на границите со Европската Унија. Од почетокот на примената на Европскиот систем за влез и излез (EES), граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово ќе мора да влегуваат во ЕУ преку посебно означени ленти (EES) на граничните премини, наменети исклучиво за патници од трети земји. „Ќе има посебни ленти за влез и излез на EES за патниците од трети земји кои подлежат на EES…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата. Претседателката на ЕК…
Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, советниците на Филипче не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го излизгаат со неточни податоци за економијата. Владата нема намера да учествува во евтини политички препукувања, но должноста е наша да ги изнесеме фактите, реагираат од Владата на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, каде говореше за „буџетска дупка од 1,4 милијарди евра“. „Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и…
