- Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
- ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
- Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
- На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
- Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
- Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
- Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
- Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
Author: Author 04
Албанската полиција привела жител на пограничното село Маќелари, поради шверц на стока од македонска територијата, како и царински службеници за помагање во делото. -Приведен е А.Ц.(42) жител на село Маќелари во чие возило „Опел” откриена е поголема количина детергенти и друга стока, прошверцува од Македонија, преку граничниот премин „Блато”. Приведени се и двајца царински службеници, за корупција и злоупотреба на службената положба, соопшти полицијата. Запленети се стоката, возилото со кое била транспортирана, како и поголема суми пари во различни валути
Вчера во 08:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа во с.Ракотинци, скопско е пронајден починат П.П.(59) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Вчера во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице – такси возач не ја однел до неjзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот. Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа, стои во денешниот полициски билтен. Се работи на расчистување на случајот.
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинце за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци. Меџити, во придружба на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави пред медиумите дека уште од првиот ден од преземањето на функцијата министер за животна средина се соочил со еден од најголемите предизвици на главниот град, лошото и неорганизирано управување со депонијата „Дрисла“ но нагласи дека со овој проект започнува…
Вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор на основно училиште во с.Св.Петка, скопско, Ф.Љ.(21) од истото село бил физички нападнат од И.Р. и М.Р., при што И.Р. употребил метален предмет, додека М.Р. со остар предмет му нанел убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап. „Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. Дел од загубите доаѓаат поради застарената инфраструктура која со години не е одржувана,“ изјави Шукова. Таа нагласи дека во рамки на проектот за БРТ-системот ќе се отвори дел од главната водоводна линија, при што ќе се направи целосна анализа на…
Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на настанот по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје. Белиот стап, нагласи Сиљановска-Давкова, ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска дека 4 илјади наши…
Денеска (15 октомври), во Седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници. На состанокот министрите за одбрана се осврнаа на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдија определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни оваа година, особено во контекст на интензивниот развој на способностите и капацитетите, како и во однос на инвестирањето во одбраната. Воедно, министрите се согласија дека Алијансата и земјите-членки се целосно посветени на одбраната и одвраќањето, како и на заштитата на секоја…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција говорејќи за алармантните економски показатели, предуреди дека животот во Македонија е најскап во државите во регионот, цените постојано растат, инфлацијата не сопира, а власта упорно се обидува да манипулира со податоците. „Не можеме да ја игнорираме инфлацијата. Владата се фали со –0,2% месечна инфлација, користејќи споредби месец на месец, кои звучат убаво, но немаат никакво значење за потрошувачката кошница, за семејниот буџет, за плановите на бизнисите. Реалната годишна инфлација е околу 4%, и таа се чувствува секој ден, имаме најскап живот од сите држави во регионот“, рече Филипче.…
