Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Животот во Македонија е најскап во регионот

    Филипче: Животот во Македонија е најскап во регионот

    15.10.2025 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција говорејќи за алармантните економски показатели, предуреди дека животот во Македонија е најскап во државите во регионот, цените постојано растат, инфлацијата не сопира, а власта упорно се обидува да манипулира со податоците.

    „Не можеме да ја игнорираме инфлацијата. Владата се фали со –0,2% месечна инфлација, користејќи споредби месец на месец, кои звучат убаво, но немаат никакво значење за потрошувачката кошница, за семејниот буџет, за плановите на бизнисите. Реалната годишна инфлација е околу 4%, и таа се чувствува секој ден, имаме најскап живот од сите држави во регионот“, рече Филипче.

    На прес-конференцијата Филипче предупреди дека речиси сите податоци укажуваат на алармантна состојба на буџетот и економската состојба во државата.

    Реализацијата на приходите 70,78% или 256,5 милијарди денари, а на расходите  72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Со ова темпо до крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци, што како кажа Филипче е фрапантна буџетска дупка, која ќе треба да се покрие со задолжување.Странските инвестиции исчезнуваат, реализацијата на капиталните инвестиции е само 43,78% од предвидените средства, а со сегашното темпо на задолжување Македонија е прва задолженост во Западен Балкан.

    „Затоа, денес, го поставувам наједноставното, но најважно прашање за оваа власт: каде е планот? Како Владата планира да ја покрие буџетската дупка од 1,4 милијарди евра до крајот на годината? Каде се капиталните проекти што беа најавувани? Каде е стратегијата за наплата на приходите, за стабилност, за инвестиции?“, рече Филипче.

    Тој нагласи дека економијата не се води со лажни бројки и ПР кампањи. 

    „Економија се води со одговорност кон секој денар, со сериозна стратегија, со стабилност и со план. Ништо од тоа не гледаме од оваа влада. Ако не постои јасна стратегија, ако реалноста се прикрива со лажни индикатори, тоа јасно укажува дека на среден и долг рок оваа власт ќе го столчи и стандардот и економскиот развој“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.