- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Денес од ова место, а пред координаторот на Владата на Република Македонија за Кочани, нашата Марија Митева, ветуваме 100 милиони евра капитални инвестиции за Кочани. Капитални инвестиции за иднината на нашите деца, за вистинскиот избор за подобар живот, за посилен регион, изјави на денешната прес-конференција Владко Грозданов, натпартиски кандидат за градоначалник на општина Кочани поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства, 100 милиони евра ќе се вложат исклучиво во инфраструктура, капитални проекти. Ова не се празни ветувања, веќе се работи со нашите меѓународни партнери, и ова не се редовни буџетски трансфери, туку ова се дополнителни средства 100 милиони евра, рече Грозданов. „Целта…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан. „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 милиони од домашни банки. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Ние сме исто така единствена земја во…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.Со завршувањето на летното сметање на времето, во 03:00 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.Во согласност…
Ноќеска во 01:20 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.Н.(53) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички нападнат. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици
Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар. Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата. “Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се одвива одлично и драго ми е што можам да кажам дека имаме сериозна подршка за општина Гостивар. Имено во првиот повик кој се реализираше минатaта година, вкупната подршка е…
Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова денеска изјави дека Бутел одамна чека на вистинска промена – нови улици, чисти паркови, поврзани населби и општина што ги слуша граѓаните. Таа посочи дека со клучката меѓу булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ и новите булевари, Бутел конечно ќе стане рамноправен дел на Скопје со модерна инфраструктура, осветлени улици и безбедни патишта. Жителите на Бутел, потенцира таа, имаат акутен проблем со недостиг на вода за пиење и никој не презема ништо околу тоа. Според неа, проблемот не се решава со козметички зафати во ек на изборна кампања. На новинарско прашање за…
Образованието е темелот на секој напреден град, основата врз која се гради просперитетот, иновацијата и иднината. Ако сакаме Скопје да биде вистински, европски град, мора да вложуваме во генерациите што доаѓаат по нас. Визијата за образованието што ја нудам преку мојата програма е визија за отворено, современо и хумано Скопје, град што им дава шанса на сите млади луѓе, без поделби по било каков однос. Во периодот што е пред нас ќе ја промениме сликата на образованието во Скопје, соопшти на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. Тој најави дека во соработка со Владата…
Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки. Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде…
Вчера во 07:30 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Т.(42) од Охрид кој претходно, во продажен објект го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, а потоа физички му се спротивставил на работникот од обезбедувањето на објектот. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид кај него констатираа 3,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утрово во 09:45 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во содејство со полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(30). Лицето било барано со централна потерница од Основен суд Скопје за издржување на казна затвор во времетраење од пет години по чл.130 од Кривичниот законик.
