Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата запрела скопјанец и веднаш го уапсила
    • Крај на летниот одмор за пратениците: 53 точки на дневен ред на првата седница по паузата
    • Претседателката во Олимпиското село во Таранто: Поддршка за македонските спортисти
    • СДСМ: Веднаш да биде објавен целиот извештај за водата во Гостивар
    • Од 59. на 30. место: Македонија со огромен напредок во сајбер-безбедноста
    • Македонија и Србија ги олеснуваат процедурите: Побз проток на храна, животни и стоки
    • Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици
    • ДУИ: „Молкот на ВРЕДИ за избори е одговор – Се плашат од пресудата на граѓаните”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грозданов: Ќе се реконструира кочанската болница

    Грозданов: Ќе се реконструира кочанската болница

    15.10.2025 во 13:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес од ова место, а пред координаторот на Владата на Република Македонија за Кочани, нашата Марија Митева, ветуваме 100 милиони евра капитални инвестиции за Кочани. Капитални инвестиции за иднината на нашите деца, за вистинскиот избор за подобар живот, за посилен регион, изјави на денешната прес-конференција Владко Грозданов,  натпартиски кандидат за градоначалник на општина Кочани поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

    Овие средства, 100 милиони евра ќе се вложат исклучиво во инфраструктура, капитални проекти. Ова не се празни ветувања, веќе се работи со нашите меѓународни партнери, и ова не се редовни буџетски трансфери, туку ова се дополнителни средства 100 милиони евра, рече Грозданов.

    „Целта е Кочани да стане центар во источниот регион. Град со европска инфраструктура, и услови за достоен живот. Ветивме и пак ветуваме, реконструкција на кочанската болница, ќе ја реновираме и модернизираме кочанската болница. Граѓаните да добијат соодветни здравствени услуги, зошто заслужуваат. Инвестицијата ќе биде во нова опрема нови одделенија, и подобри услови за вработените во неа.

    Во делот на спортот, културата и младите, ветуваме и ќе изградиме конечно затворен базен. Ветуваме нови спортски сали, и истите ќе бидат достапни за сите граѓани, сите спортски друштва. Ќе создадеме услови за развој на младинскиот и рекреативниот спрот. Ќе ги натераме младите да живеат здрав начин на живот“, посочи Грозданов.

    Грозданов рече дека Крупните капитални проекти, ќе се во патна, комунална и урбана инфраструктура. Нови патишта, нови канализациони и водоводни систем, уредување на градскиот простор. Со овие проекти ќе се отворат и нови работни места и ќе се поттикне локалната економија.

    „Кочани веќе нема да биде на маргините. Кочани ќе е во фокусот на нашата држава, ќе е во фокусот на државните и меѓународните инвестиции. Со овој план Кочани станува пример како една општина може да се развива со чесност, поштеност, посветеност, визија, стратегија и секако партнерство“, потенцираше Грозданов.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Веднаш да биде објавен целиот извештај за водата во Гостивар

    21.08.2026 во 09:43

    Од 59. на 30. место: Македонија со огромен напредок во сајбер-безбедноста

    21.08.2026 во 09:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.