Author: Author 04

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари. „Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски. Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе…

Повеќе

Американскиот претседател, Доналд Трамп предложи САД да престанат да увезуваат кинеско масло за готвење како одговор на трговските тензии со Пекинг. Во објава на платформата Трут Соушл, Трамп рече дека САД можат „лесно“ да произведуваат сопствено масло и нема потреба да го купуваат од Кина. Тој го обвини Пекинг дека намерно одбива да купува американска соја, со што им создава проблеми на американските земјоделци. Кина одамна престана да купува американска соја, што претставува голем удар за земјоделскиот сектор. Истовремено, САД ги ограничија кинеските компании во пристапот до напредни компјутерски чипови неопходни за развој на вештачка интелигенција. Трамп и кинескиот претседател…

Повеќе

Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите блиски смислуваа начини и формираа мрежи од фирми за да испумпаат државни средства, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Милионски суми од државниот буџет завршија во џебовите на фирми блиски до кланот Заеви. Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен. 03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра. Како подизведувачи на…

Повеќе

„Четири години, Битола е оставена на маргините. Четири години, градот што некогаш беше препознатлив по култура, по историјата, по урбаниот дух сега се гуши во застој, смет и запустеност. Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Битола. Филипче пред многубројните граѓани во Битола, нагласи дека е време за промена, а таа промена доаѓа со кандидатот за градоначалник Методија Куновски и тимот на СДСМ и Коалицијата од советничката листа. „Тоа е тимот што ќе работи со вас…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска попладне, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба. Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од…

Повеќе

ЕВН Македонија АД известување дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници од неколку улици во Скопје и селото Долно Лисиче. Од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Ѓорѓи Скрижевски (Општина Центар), од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Патрение Зографски, од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров (Општина Центар), а од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи, исто така, информираат дека под влијание на влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи…

Повеќе

Според американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да биде корисен во посредувањето за окончавање на конфликтот меѓу Москва и Киев, бидејќи ужива почит во Русија. „Русија го почитува. Украина, не можам да ви кажам за Украина, но (рускиот претседател Владимир) Путин го почитува“, изјави Трамп пред новинарите во „Ер Форс Уан“ минатата ноќ, додека патуваше од Египет кон Вашингтон. Претседателот на САД ги сподели овие забелешки откако успешно интервенираше за да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, посочувајќи дека неговиот тим сега ќе се насочи кон ставање крај на војната…

Повеќе

Македонската пејачка Елена Ристеска преку социјалните мрежи упати потресна и емотивна порака за смртта на нејзиниот долгогодишен пријател и колега, Владимир Блажев – Панчо. Ристеска изрази неверување и длабока тага, велејќи дека се чувствува скршена.„Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав! Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме!?Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам…

Повеќе

По трагичната вест за смртта на Владимир Блажев – Панчо, неговите пријатели и соработници од македонската музичка сцена продолжуваат да се збогуваат со емотивни пораки. Пејачката Тамара Тодевска ја сподели својата длабока тага преку социјалните мрежи: Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место. Многу дружби, спомени, концерти, снимања… Многу смеење, музика и емоции… Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали, советува……

Повеќе