- Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
- Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
- Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
- Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
Author: Author 04
Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската перспектива и вистинскиот начин на којшто ќе се напредува. Но ЕУ не може само да си игра со довербата на оваа земја затоа што доаѓа момент кога луѓето едноставно ќе престанат да и веруваат на ЕУ и можат едноставно да кажат дека не сакаат да бидат членка на овој клуб, затоа што по децении напорни вложувања и мачни реформи тие едноставно нема да го прифатат тоа, изјави шефот на словачката држава Петер Пелегрини на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска…
Министерството за здравство соопшти дека согласно информации од Институтот за радиологија, во текот на вчерашниот ден се случил технички проблем при снимање на магнетна резонанца на пациент кој бил приклучен на кислородна поддршка по што веднаш се преземени сите безбедносни мерки, а пациентот е во добра здравствена состојба. Во меѓувреме се работи на отстранување на дефектот на апаратот, а сите пациенти непречено ја добиваат потребната здравствена услуга на другите два апарата за магнетна резонанца. Во интерес на пациентите е воведена и втора смена за снимање на МР се до надминување на техничкиот проблем, наведуваат од Министерството.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Џ.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. – На 27.07.2025, пријавениот испукал еден куршум од возило „фолксваген голф“ во движење. Додека, подоцна, при претрес во домот и просториите каде престојува, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ М-57, пиштол АГ-9 и пиротехнички средства, информираа од полицијата.
На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата на последната седница еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени. -Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат на прво место, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Одлуките, како што велат од Министерството за енергетика, следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски. Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот…
Во рамки на официјалната посета на словачкиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Петер Пелегрини. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. Најпрво, уште еднаш би сакала да му се заблагодарам на почитуваниот претседател Пелегрини, но исто така и вам за присуството. Нему за извонредната посета. Се работи за потврда на одличните билатерални односи меѓу двете земји, како израз на заедничката волја и решеност за продлабочување во иднина. Како што знаеме со Словачка нѐ врзуваат заедничкото наследство на Светите браќа Кирил и Методиј, блиски културни односи, сестрано и долготрајно пријателство. Денеска реков, ако сум…
Вчера во 11:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во ридот над германските гробишта во Битола било пронајдено тело на починато машко лице. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, соопшти СВР Битола.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која утре доаѓа на средби со државниот врв во Скопје. Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од посетата, но и дали постои официјална комуникација со Софија, со оглед на најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека контактите се ќе интензивираат по изборите и во Новата година, нагласи дека очекува да се постави и ова прашање и додаде дека ние секогаш сме подготвени да разговараме со аргументи. -Очекувам да се спомене и…
Вчера во СВР Штип, 57-годишник од Пехчево, во присуство на претставник од Центар за социјални работи Штип, пријавил дека на 08.10.2025 лице од пехчевско село ја силувало неговата 17-годишна ќерка, лице со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК. Доставата на доверливиот изборен материјал, како што истакна претседателот на Комисијата Борис Кондарко, се врши под целосно и постојано обезбедување од страна на МВР, според однапред усвоен и предвиден план и процедури, кои се надлежни да ги применуваат…
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680 и дека истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен меѓу ФЗО и Универзитетската клиника за неврологија. Факсимилот со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот, е активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство. Одобрението за издавање на овој факсимил е дадено врз основа на официјално…
