Author: Author 04

„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски. Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите. „Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник Александар Трајановски денеска го претстави новиот проект од својата програма „Искуство за успех“, изградба на современ Скопски Експо-Центар на местото на поранешната касарна во Бардовци, во општина Карпош, се наведува во соопштението од изјавата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“. „Денеска сме овде, на периферијата на Карпош и Бардовци, пред локацијата на старата касарна, простор кој е запуштен и затворен повеќе од една деценија,“ изјави Трајановски. „Во минатото, овој простор беше предлаган за сместување на бегалци и мигранти, што со право предизвика револт и протести кај граѓаните. Наместо да остане…

Повеќе

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност. Сиљановска-Давкова и Пелегрини ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство. Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија,…

Повеќе

Ноќеска во 00:35 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Џ.М.(18) од Куманово. Тој бил затекнат додека во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово одземал предмети. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, 35-годишен маж од Куманово пријави дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари. Според пријавеното, лицата го контактирале  на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои  пријавителот бил заинтересиран да ги купи. Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка. Исто така, според пријавеното, истите…

Повеќе

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност. Обајцата ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство. Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот…

Повеќе

Ноќеска во 00:30 часот во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Во септември за 93 лица кривични пријави за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана и други наркотични супстанци, соопшти МВР.Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на Република Македонија. Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, а е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ – носител на проектот. „Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија, во која Владата, универзитетите и индустријата заеднички градат национален систем за вештачка интелигенција, со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел…

Повеќе

По трагичната вест за смртта на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, бројни пријатели од јавниот живот изразуваат неверување и тага. Меѓу емотивните пораки се издвојува онаа на водителката Миа Костова, која преку социјалните мрежи се прости од својот близок пријател. Костова напиша: „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш.“

Повеќе