Во септември за 93 лица кривични пријави за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана и други наркотични супстанци, соопшти МВР.
Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители. Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се за „овозможување на употреба наркотични дроги“.
Исто така како резултат на откривањето и расчистувањето на овие кривични дела запленети се повеќе од 38 кг марихуана, 980 милилитри масло од хашиш, 137 стебла, 242 парчиња семки и 0,28 грама семки од растението канабис сатива, потоа 182 грама кокаин, 129 грама манитол, 44 грама хашиш, 27 грама хероин, 20 грама амфетамин, 16 грама мешавина на кофеин и парацетамол, 59 грама мешавина од тутун и марихуана, 12 грама мешавина кофеин, парацетамол и хероин, а во помала количина останати видови дрога и психотропни медикаменти.
- ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
- Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
- Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
- Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
- Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари
- Двојно зголемени приходите од рударските концесии – Воведени построги контроли
- Скопјанец направил хаос – Ја истепал сопругата и кршел покуќнина
- Драма во Скопје: Малолетник нападнал вработена во средно училиште

