Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44

    УХМР издаде метеоаларм: Утре топлотен бран во цела Македонија

    20.08.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Една ситница може да спречи поплава во вашиот дом: Само поставете ја на вистинското место
    • Мотоциклист со тешки повреди пренесен во Ургентен по сообраќајка на патот Гостивар-Равен
    • Земјотрес од 7,2 степени по Рихтер регистриран во јужниот дел од Перу
    • 35-годишна жена уапсена во САД, осомничена за планирање напад во Олбани
    • Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет
    • Татко и син нападнале полицајци кога ги фатиле со дрога
    • Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
    • Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

    Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

    14.10.2025 во 14:473 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК.

    Доставата на доверливиот изборен материјал, како што истакна претседателот на Комисијата Борис Кондарко, се врши под целосно и постојано обезбедување од страна на МВР, според однапред усвоен и предвиден план и процедури, кои се надлежни да ги применуваат овластените лица од МВР. Материјалот ќе биде соодветно чуван и обезбедуван и пред денот на гласањето, после гласањето, транспортот, повратно до ОИ и ДИК.

    – Во четврток ќе бидат доставени избирачките списоци и сите гласачки ливчиња до сите општински изборни комисии, додека в петок ќе бидат доставени уредите за биометриска идентификација од страна на нас, како членови на ДИК заедно со вработените и сите други лица кои се овластени и ангажирани од ДИК до сите општински изборни комисии во државата, истакна Кондарко.

    Во врска со планот за работа на ДИК, тој појасни дека по објавувањето на првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат, кои ќе се објавуваат сукцесивно во живо во текот на изборната вечер, по завршување на гласањето, наредниот ден на 20 во понеделникот, ДИК направила план за прием и достава на оригиналниот изборен доверлив материјал, сите записници од избирачките места и сите записници од утврдувањето на резултатите од гласањето од страна на општинските изборни комисии.

    – Во понеделникот од раните утрински часови во определени групи ќе доаѓаат општинските изборни комисии и ќе ги предаваат оригиналните записници овдека во ДИК по што од наша страна ќе биде организирана соодветна проверка. Кон крајот на денот, односно во понеделникот вечерта ДИК ќе ги објави и првичните официјални резултати врз основа на писмените оригинални записници од секое избирачко место и од секоја општинска изборна комисија, истакна Кондарко.

    За сите поединости на изборниот процес јавноста ќе биде информирана, а на денот на изборите на секој два часа ќе се соопштува излезноста на гласањето по општини.

    На седницата беа прифатени и барања за набљудување на локалните избори поднедени од домашни и меѓународни организации пристигнати меѓу две седници на ДИК. Барање за 30 набљудувачи, како што информира членот на ДИК Светлана Карапетрова, имало од амбасадата на САД во Скопје. Турската државна телевизија имала барање за двајца новинари, Здружение вејк ап дополнување од 51 набљудувач, Национален ромски центар и Сојузот национален совет за родова рамноправност дополнување барале дополнување на барањата со по еден набљудувач.

    – Врз основа на ова акредитираните набљудувачи ќе добијат овластувања и беџови за идентификација кои задолжително треба да ги носат со себе при посета на избирачките места. Секој овластен акредитиран набљудувач мора да го почитува кодексот за правилата за набљудување на изборите и изборната постапка донесен од ДИК, рече Карапетрова.

    Според неа, до ДИК пристигнале барања за вкупно 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни и двајца странски новинари

    На денешната седница на ДИК беа разгледани приговори поднесени од гласачи, одбиени од општинските изборни комисии по барање за гласање во домашни услови како болни и немоќни лица. Дел од барањата беа прифатени, а дел одбиени како неосновани.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

    20.08.2026 во 15:12

    СДСМ предлага 28 денари за „вранец“ и 25 за „смедеревка“: Филипче критикува за ниските откупни цени

    20.08.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.