Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

    ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

    15.10.2025 во 09:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите блиски смислуваа начини и формираа мрежи од фирми за да испумпаат државни средства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Милионски суми од државниот буџет завршија во џебовите на фирми блиски до кланот Заеви.

    Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен.

    03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.

    Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.

    Симеон и Горан Крстеви се луѓе блиски на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.

    Намерно не биле главни изведувачи за да не се забележат, но сепак парите од државните тендери завршиле директно кај нив. Ова е само еден од начините како парите од Марковски компании биле канализирани до Заев и неговите блиски.

    Овие две фирми подизведувачи само од еден тендер заработиле 5 милиони евра.

    Овие криминални шеми се директна злоупотреба на јавни средства и пари на граѓаните.

    Затоа на 19 октомври СДС ќе доживеат дебакл, народот со заокружување на бројот 9 ќе се спротистасви на корупцијата, злоупотребите и криминалот и ќе даде шанса на оние кои работат чесно и за народот а не за сопствени интереси.

    Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.