Author: Author 04

Во денешното гостување во дневникот на Сител Телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче искажа жалење што премиерот не покажал политичка зрелост за предложената декларација во однос на црвените линии во патот кон евроинтеграциите. „Јас жалам дека премиерот не покажа политичка зрелост, ниту пак покажа државничко однесување во однос на декларацијата. Обвинувањето дека тоа е некаков поклон за Бугарија е апсолутно неиздржано и целосно неточно. Тоа е поклон за Македонија, тоа е поклон за нашиот народ. Тоа е нешто што од нас може, доколку заеднички го донесеме, не само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, сите политички партии во парламентот, тоа е нешто што…

Повеќе

„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи нешто што е со векови создавано, што луѓе се жртвувале, имале саможртва итн., тие успеаја за седум години да го распродадат“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски нагласи дека додека е тој претседател на Владата нема да се случат уставните измени, без јасна испорака и обврски и од страна на источниот сосед, како и конкретни гаранции од Европската Унија. „Никој нема право, ниту пак е фер да очекува дека…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител Телевизија рече дека верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата. „Мислам дека направивме една прилична, чесна, искрена кампања, собравме огромен број на граѓани. Верувам дека ќе го препознаат нашиот позитивен, искрен пристап, дека ќе ги препознаат квалитетите на нашите кандидати и за градоначалници, и за советници. Па, еве, најдобрата анкета ќе биде во недела на 19 октомври“,…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани „Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска пред граѓаните, да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ правеше во пресрет на минатогодишните избори, а што од сето тоа што тогаш се…

Повеќе

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и посочи дека Аеродром ќе продолжи да се развива, и да се реализираат важни проекти, безбедни училишта и градинки, паркови полни со зеленило, спортски сали, културни центри. „Мојот претходник, Тимчо Муцунски постави високи стандарди, кои не обврзуваат да следиме. Заедно реализиравме важни проекти, но ова е само почеток. Она што следува е уште поважно да ја градиме иднината заедно, по мерка на секој жител на нашата…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“ во гостување во вечерашната емисија ,,Само интервју“ на Канал 5 телевизија, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите на граѓаните, за разлика од ДУИ која 20 години ништо не направи, а води кампања само на картата етничка омраза. „Ние немаме формален договор со никого, ние сме рекле таму каде што има потреба и цениме дека ќе има потреба, ќе се поддржуваме. Еве ќе ви дадам еден пример, пред некој ден, во неделата, во скопската општина Бутел, во населеното место Љуботен и Љубанци, две етнички различни средини, 100% Македонци и огромно мнозинство Албанци, ние пуштавме проект којшто…

Повеќе

,,Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос на нашиот политички противник, во случајов СДСМ“, вели Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Мицкоски смета дека 45-50 од кандидатите за градоначалници низ општините, ќе бидат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. ,,На овие избори би се задржал на оние прогнози кои што ги имавме пред да почне кампањата и чувствувам дека довербата кај граѓаните е таа која што ја имаме, и чувствувам дека бројките ќе бидат тие кои што ги кажав.…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и на иницијативата „Тhink nea – Нови наративи за интеграција во ЕУ“. Професорот Армаколас ја запозна претседателката со нивната истражувачка работа којашто е фокусирана на проширувањето на Европската Унија. Сиљановска-Давкова и Армаколас разговараа за можните решенија во насока на откочување на македонските евроинтеграции и за евентуалната опасност од изоставање на некоја земја од Западниот Балкан. Се согласија дека од полноправното членство на сите земји од регионот, освен Западниот Балкан, бенефит ќе има и ЕУ. На…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на вечерашниот митинг во општина Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека ќе има големи промени во општина Чаир, без поделби врз основа на етничка, верска и политичка припадност со конкретни проекти, со модел на работа за решавање на актуелните проблеми и реален развој на општината. „Нема да дозволам да се прават поделби по етничка верска или партиска основа. Да изградиме Скопје во кои сите ќе се чувствуваме достоинствено безбедно и пред се рамноправно. Општина…

Повеќе

На овие локални избори се судруваат две дијаметрални различни понуди, едната понуда е од една неформална коалиција којашто ја сочинуваат СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица и втората понуда е понудата којашто ја нуди ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Твоја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“. Мицкоски истакна дека во неформалната коалиција сочинета од Венко, Али и Димче има само една цел, а тоа е да се дојде на власт по било која цена, без вредности и…

Повеќе