Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Видовме како се живее во Скопје, благодарение на лошиот избор на ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче: Видовме како се живее во Скопје, благодарение на лошиот избор на ВМРО-ДПМНЕ

    16.10.2025 во 19:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител Телевизија рече дека верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата. 

    „Мислам дека направивме една прилична, чесна, искрена кампања, собравме огромен број на граѓани. Верувам дека ќе го препознаат нашиот позитивен, искрен пристап, дека ќе ги препознаат квалитетите на нашите кандидати и за градоначалници, и за советници. Па, еве, најдобрата анкета ќе биде во недела на 19 октомври“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ Филипче на Сител ги повика граѓаните да излезат на гласање и да одлучат како ќе се развиваат нивните општини, притоа напоменувајќи дека граѓаните веќе почувствуваа што значи лош избор спомнувајќи ја градоначалничката на Скопје, но и останатите градоначалници на ДПМНЕ кои реализираа само 30% од ветената програма.

    „Мислам дека е многу важно да излезат на гласање. Мислам дека тоа е единствениот начин да влијаат на тоа како ќе се развиваат нивните средини за живеење. Видовме како се живее во Скопје, благодарение на борбата, лошиот избор на ВМРО-ДПМНЕ, нивните непринципиелни коалиции и откако се скараа со градоначалничката градот е целосно блокиран. Тука мислам дека огромен грев имаат кон Скопје, да ништо не е мрднато напред, а и во другите градови, кај што програмата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не е реализирана ни повеќе од 30%, наспроти нашите градоначалници кои ќе имаат близу 100% реализирана програма. Така дека граѓаните да излезат на гласање, тоа е нивна одговорност, ние сите бираме во какви средини, во каква држава ќе живееме“, потенцираше Филипче во Сител.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.