Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името
    • Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?
    • Животот станува сè поскап: Еве колку изнесува синдикалната кошница за септември
    • Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана
    • Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод
    • ФОТО: Фрлил градежен шут во Кисела Вода – инспекторите го фатиле на дело
    • СДСМ: ЗНАМ е приврзок, отчетот е само проба за следните чекори
    • Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Жалам што премиерот не покажа политичка зрелост за предложената декларација

    Филипче: Жалам што премиерот не покажа политичка зрелост за предложената декларација

    16.10.2025 во 19:562 Mins Read
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешното гостување во дневникот на Сител Телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче искажа жалење што премиерот не покажал политичка зрелост за предложената декларација во однос на црвените линии во патот кон евроинтеграциите.

    „Јас жалам дека премиерот не покажа политичка зрелост, ниту пак покажа државничко однесување во однос на декларацијата. Обвинувањето дека тоа е некаков поклон за Бугарија е апсолутно неиздржано и целосно неточно. Тоа е поклон за Македонија, тоа е поклон за нашиот народ. Тоа е нешто што од нас може, доколку заеднички го донесеме, не само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, сите политички партии во парламентот, тоа е нешто што ќе ни направи посилни и по обединети“, рече Филипче.

    Тој во дневникот на Сител потенцираше дека декларацијата е најмакедонскиот документ кој што некогаш бил презентиран на политичката сцена поради тоа што за прв пат нуди концепт на национално обединување. 

    „Национално обединување, тоа е нешто што многу држави го имаат, држави со многу подолга традиција, видете ги Западно Европските земји. Еве само Бугарија, колку декларации заеднички, што ги гласеше целото собранието, имаат во изминатиот период. Зашто ние да не покажеме политичка зрелост, свесност, дека е тоа важна работа, да седнеме, да ги утврдиме тие црвени линии и да продолжиме напред“, потенцираше Филипче.

    Притоа претседателот Филипче истакна дека сите и владејачката гарнитура го знае чекорот кој треба да се направи и кој вчера го потврди и претседателката на Европската комисија Фон дер Лаен.

    „Се знае патот напред кој е. Значи ако нема временски рокови се што ние правиме е губење драгоцено време. Но да се вратам на содржината, тоа е нешто што и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ го има. Таму стои дека не се преговара ниту за јазик, ниту за историја, ниту за идентитет, ниту за култура. Тоа е тоа што ние го кажуваме и сме го кажувале многу пати до сега. И ако го има насекаде, зашто на крајот на краиштата не покажеме зрелост и да седнеме заедно и да ја бутнеме државата напред“, праша Филипче. 

    Филипче исто така оцени дека владата единственото што го прави за декларацијата е да бара изговори зошто да не прифати. 

    „Гледаме како регионот оди напред. Ние знаеме точно кој чекор треба да го направиме, намерно не се прави тоа, сметам дека владата само бара некаков изговор, а дека вистинска желба за продолжување на европскиот пат, за жал, нема“, истакна Филипче.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

    20.09.2026 во 12:29

    Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод

    20.09.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.