Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Нови цени на горивата од полноќ

    21.09.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони
    • Утре пристигнува првиот снег во регионот
    • Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме
    • ФОТО: Краделе што им дојде при рака – Еве што изнеле крадците од десетина куќи во тетовско
    • Добри вести утрово: Цената на нафтата падна
    • Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап
    • Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот
    • Чистка низ Скопје: Отстранети 650 кубни метри отпад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина

    Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина

    15.10.2025 во 15:084 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ние како држава сме подготвени да продолжиме со поддршката за Украина, но не може само постојано да се дава, без даденото да биде заменето, бидејќи најважна од се е нашата татковина, порача од Брисел министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА. 

     – Во минатото како држава сме дали многу пакети, но јас многу внимателно влегувам и давам изјави во врска со тоа, бидејќи она што е дадено како ресурси од наша страна, мора да биде заменето. Не може само постојано да се дава, без да биде заменето. Ценам дека тоа е исправно, бидејќи јас сепак сум министер на Македонија и морам да се грижам за македонската војска и македонскиот народ, истакна Мисајловски, кој денеска во Брисел учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. 

    Мисајловски посочи дека во НАТО повторно се засилува прашањето за поддршка на Украина, бидејќи украинската војска и самата држава имаат доста потреби за дополнителни ресурси, па во тој правец постои постапката за купување на опрема преку САД за потребите на Киев, како и други иницијативи за поддршка преку пакети за помош или со финансиски средства. 

    Министерот посочи дека земјава во моментов работи на неколку иницијативи со различни држави во чии рамки се разговара за помош, како и за добивање дополнителни средства во форма на грантови. 

    – Се надевам дека во наредниот период ќе направиме добри чекори каде што ќе добиеме многу средства за да ја подобриме состојбата кај нас во државата, па потоа може да разговараме за дополнителна поддршка (за Украина). Значи, помош да, но не по секоја цена, бидејќи најважна од се е нашата татковина, рече министерот. 

    Мисајловски нагласи дека нашите пријатели во НАТО имаат разбирање за ваквиот став дека сме подготвени да помогнеме, но дека и преку други иницијативи ќе се обидеме дополнително да обезбедиме многу средства за Армијата. 

    Меѓу тие иницијативи, како една од можните опции е и инструментот на ЕУ, Безбедносна акција за Европа (САФЕ), преку кој може да се аплицира за средства за заедничка набавка на различна опрема. 

    – Разговараме и на тоа поле, но најважно е да ги имате средствата во сопствениот буџет за да купувате опрема. Ние тоа го правиме секоја година со зголемување на буџетот. За следната година проектираме повисок буџет, се разбира, да видиме какви ќе бидат околностите, рече Мисајловски. 

    Покрај САФЕ, според него, постојат и различни други видови на механизми, преку кои може да се помага. 

    – Ги разгледуваат сите, но сепак ќе кажам: колку ќе имаме капацитет да помагаме, толку и ќе помагаме, бидејќи сепак приоритет мора да биде нашата Армија, додаде Мисајловски.  

    Тој посочи дека на состанокот станало збор и за обврските што треба да ги постигне секоја од земјите членки за да ја оствари целта за издвојување на пет отсто од својот БДП за потребите на одбраната. 

    – Начелно најмногу се гледа како која земја ќе го достигне својот лимит за тоа како ќе ги исполни своите обврски или јас би кажал подиректно, како ние да ги испорачаме нашите цели на способности во наредниот период, рече министерот за одбрана. 

    Мисајловски ги запознал своите колеги дека нашиот буџет за одбраната е во најдобра кондиција досега, како и дека над 40 проценти од средствата на Министерството ќе бидат одвоени за модернизација и за набавка на опрема. 

    – Тоа е навистина висока рамка за модернизација за која било членка. Се разбира, согласно нашите потреби и капацитети, ќе настојуваме во следниот период дополнително да имаме нови проекти и да потпишеме договори за подобрување на условите во Армијата и во државата, потенцира Мисајловски. 

    На средбата се разговарало и за сите глобални ризици што ги засегаат сите земји во НАТО, а министерот Мисајловски го покренал и прашањето за Западниот Балкан и нашето учество во мисиите КФОР во Косово и АЛТЕА во БиХ. 

    Прочитај повеќе

    По 19 години го стигна потерницата: Македонец уапсен на Евзони

    21.09.2026 во 11:34

    Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.