- Данска на нозе: Илјадници студенти протестираат против кратењето на државната помош за сметка на војската
- Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот
- Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
- Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ
- Мрежа против насилство: Уште колку животи треба да се изгубат додека Собранието расправа за „прогресивни“ закони?
- Утре евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на премиерот Мицкоски
- Испливаа нови детали за трагедијата во Богданци: Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец, минувачи ја однеле во болница
- МВР со акциска контрола низ целата држава: За пет часа санкционирани 70 возачи за непочитување на првенство на минување
Author: Author 04
Аеродромите во Скопје и Белград се позиционирани како апсолутни лидери во регионот според објавениот зимски ред на летање, очекувајќи најсилен раст со по повеќе од половина милион патници. Главна причина за овој експлозивен раст е проширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Според податоците објавени од специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“, Скопскиот аеродром планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе во однос на минатата година. Белградскиот аеродром е веднаш зад него со планирани 518 илјади патници повеќе. Охрид исто така бележи раст, со очекувано зголемување од 24 илјади патници. Речиси сите аеродроми од поранешна Југославија го зголемуваат расположливиот…
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување. „Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе изградиме зелен пазар, индустриска зона со фабрика за откуп, финансиска поддршка за земјоделците и стимулации за младите,“ рече Илиев. Тој додаде дека се предвидени и реконструкција на стадионот, мултифункционално игралиште, рекреативен простор…
Вчера во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе…
Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за ‘транспарентност’, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес може да се сокрие зад службен печат и јавна должност. Во рок од една година, членови на неговото семејство се појавуваат како сопственици на имоти во најскапата зона на општина Карпош, Жданец, токму во делот каде…
Жителите на Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да гласаат за градоначалник в недела, бидејќи во овие општини во првиот круг од Локалните избори 2025 не беше исполнет законскиот цензус. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека за овие четири општини ќе мора да се спроведе нова изборна постапка. Причината е што излезноста во првиот круг не достигна најмалку 33,33 проценти од запишаните гласачи. Колку гласале: Согласно Изборниот законик, доколку овој праг не се достигне, мора да се повтори целата изборна постапка. Новите избори ќе се одржат најдоцна 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори…
Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ официјално објави дека ги става на продажба сите свои странски средства, како директна последица од новиот пакет санкции што минатата недела беа воведени од САД. Компанијата потврди дека веќе почнала да разгледува понуди од потенцијални купувачи. Овој потег директно ќе влијае на сопственичката структура на мрежата бензински пумпи на „Лукоил“ во Македонија, како и во целиот регион. Рок до 21 ноември Истовремено со воведувањето на санкциите, Министерството за финансии на САД издаде и општа лиценца. Оваа лиценца дозволува трансакции кои се неопходни за прекинување на работењето со компанијата, со краен рок до 21 ноември. „Лукоил“ појасни…
Овен: Денес сте исклучително фокусирани и подготвени за соочување со комплицирани предизвици. Влијанието на Меркур и Плутон ви дава сила да навлезете „под површината“ и да најдете одговори каде што другите би се откажале. Одличен ден за работа што бара висока концентрација. Близнаци: Вашиот ум работи со забрзано темпо, а секстилот на Меркур со Плутон ве поттикнува да барате длабочина и вистина. Можна е клучна информација која ќе ви донесе јасност. Шкорпија: Вие сте продорни и фокусирани. Денот е одличен за интензивна работа, истражување и разговори кои бараат целосна искреност.Бик: Чувствувате потреба да се повлечете и да се посветите на…
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово започнува дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња наменети за вториот круг од Локалните избори 2025 година, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вториот круг на гласање ќе се одржи в недела, 2 ноември, и ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Гласање пред изборниот ден Во сабота, 1 ноември, своето право на глас ќе можат да го остварат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Изборите ќе ги следат вкупно 1.569 набљудувачи (904 домашни и 651 меѓународен), а акредитирани…
Утрово, најниската температура е измерена во Берово, каде термометарот покажал -2 степени Целзиусови. Најтопло било во Крушево со измерени 6 степени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во 8:30 часот, температурите низ земјава се движат од -1 степен во Струмица, до 5 степени во Виница. Измерени температури (8:30 часот): Утрово, по одделни котлини е регистрирана појава на магла. Во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 16 до 21 степен. Во Скопје, наутро има магла…
Утрото во земјава ќе биде постудено, со услови за појава на магла во одделни котлини и речни долини. Сепак, во текот на денот се очекува сончево време проследено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 16 до 21 степен. Во главниот град, Скопје, утрото ќе биде студено, со магла во делови од котлината. Во текот на денот се предвидува сончево време со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. Минималната температура во Скопје ќе се…
