Вчера во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ.
Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
- Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
- Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
- Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
- Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
- Апсења во повеќе градови во Македонија
- Следната недела доаѓа голем празник
- Најавен полициски час во Франција
- Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер

