Author: Author 04

Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се енергетски ефикасни објекти, со оглед на тоа што истите имаат поставено термичка изолација, прозорци со трослојно стакло, а некои од нив се загреваат на системи од обновливи извори на енергија, се додава во соопштението. Воедно, како што се истакнува, Општина Карпош е првата локална самоуправа…

Повеќе

Управител на фирма доби кривична пријава поради сомниение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, односно за непочитување на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(48) од Скопје, управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. На 14.12.2024, пријавениот постапил спротивно на Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа, на тој начин што на објект во изградба во село Липково, поради непоставена парапетна заштита на надворешно и внатрешно…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов во дебатната емисија на МТВ, ја побара поддршката од граѓаните за наредниот мандат и ја презентираше својата програма, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Ја барам поддршката од граѓаните на општина Валандово, за сите заедно да продолжиме да создаваме локална средина во која ќе се чувствуваме достоинствено, слободно, која ќе напредува во секоја сфера, на секое поле, која ќе напредува како што изминатиот период одеше напред и да продолжиме отворено, чесно, стабилно, да го развиваме Валандово кое секојдневно ќе напредува и ќе биде подобро и подобро“,…

Повеќе

Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. -При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.

Повеќе

Вчера во 15:10 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го привеле Е.Ј., на возраст од 18 години од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговите родители. -При преземање мерки, кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.

Повеќе

На подрачјето на Тузланскиот кантон утрово се спроведува акција, по наредба на Обвинителството на овој кантон, а поради сомневање за сексуална злоупотреба на деца – наведување малолетници на проституција. На мета се поединечни припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, неофицијално, наводно се осомничени вкупно шест лица, а се вршат претреси на неколку локации. Информациите велат дека се пронајдени и видеа од сексуална злоупотреба на деца. Истрагата известува дека меѓу повредените наводно има жители на Домот за деца без родителска грижа во Тузла. Министерството за внатрешни работи потврди дека акцијата е во тек.

Повеќе

Шесткатна зграда се урна во Коџаели, во близина на Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините. Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка операција. Постојат информации дека во зградата живееле две семејства од по седум члена, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз. Причината за уривањето на зградата сè уште не е позната.

Повеќе

Ноќеска во 00:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Н.(48) од с.Голема Речица, тетовско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,95 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Вчера во с.Пиперево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.М.(29) од с.Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

„Во интерес на граѓаните, ќе реализираме капитални проекти. Многу скоро, после вториот круг на избори, почнуваме со првото кино и театар во Аеродром, веќе имаме потпишан договор, издадено одобрение за градење и за многу скоро ќе почнеме и со фактичка реализација на лице место“, вели Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Студио 10 на ТВ 24. Митески истакна дел од капиталните проекти кои се предвидени да се реализираат во општина Аеродром, во интерес на граѓаните и со цел да се обезбедат подобри услуги и услови за живот. „Изработка на сообраќаен проект за решавање…

Повеќе