Author: Author 04

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени. Како што информира УХМР, в сабота…

Повеќе

Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидадт за нов градоначалнички мандат Макисм Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, преку својот профил на Фејсбук соопшти дека се сретнал со претставници на Коалиција ВРЕДИ од кои, како што вели, добил поддршка за вториот круг од локалните избори. – Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска информираше дека бил на Вардариште. „На терен, континуирано ЈКП Гази Баба превзема активности за собирање на комуналниот отпад и негово транспортирање на Дрисла. Дополнително, го исполнивме ветувањето — поставени се камери и депонијата е под 24-часовен видео надзор, истакна Стефковски во својата Фејсбук објава. Тој додаде дека на сила остануваат мерките за забрана за движење на депонијата, а на лице место се полициски службеници кои вршат постојан надзор и контрола.

Повеќе

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во однос на истиот месец лани е згоелмување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.6 %, Образование за 14.5 % и Административни и помошни услужни дејности за 14.1 %, додека зголемувањето на бруто платата на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за…

Повеќе

На 21.10.2025 во 15:29 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.М.(32) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека Џ.М. управувал патничко возило „опел“ со брзина од 112 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. На 22.10.2025 во 02:20 часот на улица „Моша Пијаде“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.К.(51) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека…

Повеќе

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”. – Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија. Иако неколку пати интервениравме во изминатите години, тоа беа само привремени, секундарни интервенции бидејќи општините немаат сопствена механизација, ниту пак ингеренции да ги празнат контењерите, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук. Ѓорѓиевски, кој…

Повеќе

На 23.10.2025 (четврток) во 10:00 часот поради одржување на атлетска трка во централното градско подрачје на Скопје, со траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, ул. „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија. -Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, објави Мицкоски на Фејсбук. Тој додаде дека очекуваат во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари. -„Бурсток“ има долгогодишно искуство во областа…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше дел од работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација(СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем. -Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите работни групи и комисии. Целта е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално, посочи министерот Алиу на работилницата. Тој информираше дека формира интерна работна група која ќе го финализира протоколот…

Повеќе