- Сиљановска-Давкова се сретна со Руте: Македонија останува посветена на НАТО и колективната одбрана
- ОЈО Штип поведе постапка за двајца вработени на УГД: Зеле 21.000 евра за лажирање податоци во електронскиот систем
- Делови од Скопје утре без струја – проверете колку часа ќе нема струја
- Хоџа се сретна со чешката амбасадорка Гецова: Фокус на животната средина и управувањето со отпадот
- Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм
- Јаневска за истрагата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип: Човекот е откриен, ќе ги сноси последиците
- Вајц до Кос: Вложете максимални напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
- Нови детали за трагедијата кај Богданци: Момчето чие тело беше пронајдено до запалениот автомобил претходно било пријавувано за загрозување на сигурноста
Author: Author 04
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија денеска од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, каде што заедно со директорот Душко Коцевски разговараа за новите услуги и иновации во системот за паркирање. Коцевски го информираше Герасимовски дека на новите информативни табли на ПОЦ е поставен QR-код со директен линк, што овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка, без потреба од регистрација или испраќање SMS порака. „Одличен потег на ЈП ПОЦ за модернизација и поефикасно паркирање во општината. Ги следиме модерните трендови за побрзи и електронски достапни услуги со кои корисниците ќе можат полесно и поедноставно…
ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото oдобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата. Нагласуваат дека согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година.
Претседателката Гордана Сиљановска Давковка информираше дека вчеравечер присуствувала на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, истакна Сиљановска Давковка во нејзината објава на социјалните мрежи. Претседателката нагласи дека само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите.
За време на претстојниот викенд се очекува суво и стабилно време, соопштуваат синоптичарите. Единствена појава која ќе ја наруши идилата е утринската магла во одредени котлини. Сепак, стабилното време нема да трае долго. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат промена на временската состојба со почеток од понеделник. Кон крајот на денот во понеделник повторно се очекуваат врнежи од дожд. Тие најпрво ќе ги зафатат западните делови од земјава. Во вторник и среда, врнежите ќе се прошират на територијата на целата држава. УХМР предупредува дека наместа врнежите ќе бидат пообилни.
Во текот на 43. недела од 2025 година (од 20 до 26 октомври), во земјава се регистрирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот. Ова претставува намалување од 32,5\% во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). ИЈЗ посочува дека и покрај неделното намалување, пријавената инциденца (I=22,03/100.000) е сѐ уште под неделната граница на сезонската активност, што значи дека прагот за влез во сезоната на грип не е достигнат. Распределба на случаите по градови: Најмногу заболени лица оваа недела се регистрирани во: Во однос на возраста, најголем број од…
Аеродромите во Скопје и Белград се позиционирани како апсолутни лидери во регионот според објавениот зимски ред на летање, очекувајќи најсилен раст со по повеќе од половина милион патници. Главна причина за овој експлозивен раст е проширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Според податоците објавени од специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“, Скопскиот аеродром планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе во однос на минатата година. Белградскиот аеродром е веднаш зад него со планирани 518 илјади патници повеќе. Охрид исто така бележи раст, со очекувано зголемување од 24 илјади патници. Речиси сите аеродроми од поранешна Југославија го зголемуваат расположливиот…
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување. „Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе изградиме зелен пазар, индустриска зона со фабрика за откуп, финансиска поддршка за земјоделците и стимулации за младите,“ рече Илиев. Тој додаде дека се предвидени и реконструкција на стадионот, мултифункционално игралиште, рекреативен простор…
Вчера во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе…
Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за ‘транспарентност’, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес може да се сокрие зад службен печат и јавна должност. Во рок од една година, членови на неговото семејство се појавуваат како сопственици на имоти во најскапата зона на општина Карпош, Жданец, токму во делот каде…
