Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК почнува со дистрибуција на гласачките ливчиња, во недела втор круг локални избори во 33 општини

    ДИК почнува со дистрибуција на гласачките ливчиња, во недела втор круг локални избори во 33 општини

    30.10.2025 во 09:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово започнува дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња наменети за вториот круг од Локалните избори 2025 година, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вториот круг на гласање ќе се одржи в недела, 2 ноември, и ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.

    Гласање пред изборниот ден Во сабота, 1 ноември, своето право на глас ќе можат да го остварат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

    Изборите ќе ги следат вкупно 1.569 набљудувачи (904 домашни и 651 меѓународен), а акредитирани се и 14 странски новинари.

    Прегласување за Совет Истата недела, на 2 ноември, ќе се одржи и прегласување за членови на Совет на три избирачки места во општина Шуто Оризари, каде што теоретски може да се влијае врз изборот на советничките мандати.

    Клучни изборни трки во Скопје

    Во Градот Скопје, со 474.394 гласачи, трката е меѓу Орце Ѓорѓиевски (поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата), кој во првиот круг освои 91.663 гласови, и Амар Мециновиќ (Левица) со 30.665 гласови.

    Интересна битка се очекува и во Карпош, каде актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски (8.761 глас) се соочува со Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ), кој во првиот круг освои 10.284 гласови. Во Карпош право на глас имаат 56.856 избирачи.

    Во Аеродром во вториот круг влегуваат Дејан Митески (ВМРО-ДПМНЕ), со 16.357 гласови и Александар Трајановски (СДСМ) со 6.881 глас. Оваа општина има 68.772 гласачи.

    Општина Центар ќе избира меѓу Горан Герасимовски (СДСМ) со 8.535 гласови и Мирослав Лабудовиќ (ЗНАМ) со 5.707 гласови. Во Центар се запишани 44.109 гласачи.

    Втор круг ќе се одржи и во Шуто Оризари, каде што со 23.893 гласачи ќе се борат Курто Дудуш (Унија на Ромите) со 3.223 гласови и Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ) со 1.841 глас.

    Општини без цензус Нова изборна постапка за избор на градоначалници ќе започне во четирите општини каде што не беше постигнат цензус од минимум една третина излезеност – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово.

    Прочитај повеќе

    Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот

    19.10.2026 во 21:04

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.