- Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
- Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
- Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
- Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
- Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
- САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
- Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
- УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
Author: Author 04
Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата. Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг…
Денеска и во текот на целиот викенд, до понеделник, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални и повремено обилни врнежи од дожд. Метеоролозите предупредуваат дека дождот ќе биде интензивен, со можност за развој на невреме придружено со засилен ветер и грмежи. На места се очекува да наврнат над 30 l/m2 дожд во текот на 24 часа. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во Повардарието југоисточен ветер. Под влијание на влажната и нестабилна воздушна маса, ваквите процеси ќе траат…
Компанијата „Гунвор“ објави дека ја повлекува својата понуда за купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија „Лукоил“. Оваа одлука доаѓа откако американското Министерство за финансии соопшти дека нема да ѝ издаде лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството за финансии на САД го оправда своето одбивање со тоа што претседателот Доналд Трамп претходно зборувал за потребата од брзо завршување на украинскиот конфликт. Бидејќи тоа не се случило, „Гунвор“ нема да добие лиценца. Покрај ова, Министерството тврди дека „Гунвор“ е под руска контрола. Демант од „Гунвор“: „Гунвор“ издаде соопштение на платформата „X“, наведувајќи дека изјавата на…
Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар. Причина е оправданото отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар, адвокатот Игор Петковски, кој на претходното рочиште бараше и изземање на целиот судски состав. Рочиштето беше одложено и вчера, а требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето. Судечкиот судија Јордан Јованов го закажа следното рочиште за понеделник, но изрази загриженост поради постојаните одлагања: „Овдека е загржувачки тоа што цело време во барањата се потенцира дека другите предмети се приоритетни… а се заборава дека и овој предмет исто така е итен, бидејќи прети…
Бугарскиот парламент денеска донесе закон со кој рафинеријата на руската групација „Лукоил“ во Бургас, најголемата компанија во земјата, се става под државна контрола. Оваа одлука е директен одговор на американските санкции воведени во октомври против рускиот нафтен гигант. Бугарската влада изрази загриженост дека санкциите, кои стапуваат на сила на 21 ноември, би можеле да доведат до целосно прекинување на работењето на рафинеријата „Нефтохим“ во Бургас. „Американските санкции… ќе доведат до прекин на работењето на рафинеријата (…) поради одбивањето на сите страни да вршат плаќања на компаниите што припаѓаат на Лукоил“, објасни мнозинската партија при поднесувањето на предлог-законот. Со новиот закон,…
Поранешниот извршен директор на францускиот производител на автомобили Рено, Луј Швајцер, почина на 84-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство. Швајцер беше една од најпрепознатливите личности во француската индустрија, со долгогодишно искуство и во јавната администрација и во приватниот сектор. Тој ја започна својата кариера во високата државна служба по дипломирањето на École Nationale d’Administration (ENA), елитно училиште кое произвело многу од највлијателните политички и економски личности во Франција. Тој беше шеф на кабинетот на премиерот Лоран Фабиус, ставајќи го во срцето на политичкото донесување одлуки во текот на 1980-тите. Преминувањето на Швајцер во Рено го означи почетокот на неговото дведецениско…
Во изминатиот месец, неколку циклони произведоа голема количина дожд во јужниот појас на Србија. Новиот, сегашен циклон, овој пат произведува и неколку десетици л/м² дожд, предизвикувајќи поплави на територијата на Лесковац, објавува Инстаграм страницата Hailz_srbija. View this post on Instagram A post shared by ? ? ? ? ? | SRB |® (@hailz_srbija) Центарот на циклонот е во западна Србија, а зоната на врнежи ќе се регенерира до крајот на денот на истите места каде што имаше обилни дождови претходната ноќ и наутро. Во најдождливите, изолирани точки, вредноста на акумулираниот дожд може да достигне вредности близу 100 л/м²
Вчера во атар на с.Преглово, општина Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64), двајцата од с.Преглово, општина Пласница. Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири. Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368-а став 8 од Кривичниот законик. Пријавениот, како дежурен криминалистички техничар за криминалистичка регистрација на 04.10.2025, преземајќи службени дејствија во настан во кој две…
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Г.Г.(33), С.Ч.(31) и Б.П.(36), сите од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.09.2025 во угостителски објект во Кратово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале И.М.(35), при што му нанеле тешки телесни повреди.
